Таг архива: Војна на ѕвездите

Weather report

Денешен наслов во европски медиум: „Европа се топи под ударот на сахарскиот бран, се рушат температурните рекорди“, проследено со фотографија од луѓе кои се капат во фонтаните под Ајфеловата кула.
Во прилог неколку фотки со автентичен песок од Сахара, надополнети со пустински рози и кристал од туниското солено езеро Чот ел Џерид, кое се наоѓа токму на работ од сахарската пустина, онаму каде се’ уште гордо стојат кулисите од сетот на „Војна на ѕвездите“ од крајот на 70-те години на минатиот век.

Читај повеќе

Холивудска приказна: Star wars, прости!

Четириесет години по премиерата на првиот филм, односно, четвртата епизода од сагата „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, и нешто помалку години од почетокот на моето игнорирање на овој серијал затоа што сите други го фалеа и го сакаа, решив за време на празниците зад нас да исправам една филмска неправда, или подобро, да пополнам дупка во мојата филмофилска приказна, и достоинствено да им се посветам на филмовите кои дефинитивно се најуспешни во историјата на подвижните слики како производ кој можеби повеќе заработи од рекламниот материјал отколку од публиката, која секако, не е за занемарување. Сè уште добро се сеќавам на рекламите на Телевизија Скопје за новиот спектакл во киното Центар, „Враќањето на џедајот“, а подоцна и на телевизиските премиери на трилогијата, помпезно најавувани, но истите не го сменија моето мислење, туку само ја зголемија одбивноста кон комерцијалниот проект. Дури пред 13 години, за време на летувањето во Тунис, ги посетив и кулисите каде се снимале одредени сцени од филмот, кои денес претставуваат вистинска неодминлива туристичка атракција на влезот во непрегледната Сахара, но рамнодушноста кон оваа митологија веројатно може да се забележи и во фотките во прилог.

Читај повеќе