Архива за месец: август 2023

„Хрватскиот поморски музеј“ на Грипе

Приказната сакаше да „трзнам“ од втора. Имено, при истражувањето на Сплит во „слободен стил“ пред четири години, патот ме наведе кон средновековната тврдина „Грипе“, според која е крстена и легендарната спортска сала, која тогаш беше во зоната на мојот интерес. Го забележав симпатичниот музеј посветен на морето и сите негови богатства низ приказни создадени од човекот, но некако не ми беше предизвик да го посетам. Овој пат со драго срце го сторив тоа и пријатно се изненадив. Музејските поставки се прекрасни, и на крајот од посетата добив чувство дека тоа е еден сосема засебен свет, за мене далечен и недопирлив, но сепак препознатлив преку книжевноста и филмовите. Всушност, кога подобро размислив, се работи за цел еден начин на живот кој многу луѓе на „третиот камен од Сонцето“ со векови го практикувале создавајќи своја лична историја. Затоа Ве поканувам да ги погледнете сите чуда кои ги затекнав на оваа музејска авантура. Добредојдовте.

Читај повеќе

Спортски игри на младите

Од 21 до 25 август, Сплит беше домаќин на завршницата на меѓународниот настан „Спортски игри на младите“. Во 10 дисциплини се натпреваруваа повеќе од 10 илјади деца и младинци од Хрватска, Србија и БиХ, земјите кои беа дел и од овој завршен спектакл. Во претходните месеци преку 260 илјади учесници беа дел од игрите, а финалињата се одиграа токму деновиве во „главниот град на Далмација“. Најатрактивно беше на просторот „Прокуратива“, каде овој единствен медитерански плоштад од 19 век се претвори во фудбалска арена на која се одржа и ревијален натпревар на кој учествуваа поранешните фудбалски ѕвезди како Луис Фиго, Кристијан Карембе, Естебан Камбијасо, Мехмед Баждаревиќ, Звонимир Бобан, Немања Видиќ, Аљоша Асановиќ… а како единствен претставник од Македонија беше селекторот кој не’ однесе на Европското првенство, Игор Ангеловски.

Читај повеќе

Пицигин

Пицигин е игра која се игра со мало топче на песочна плажа, во плиткото, или што би се рекло, до глуждови. Ова е „најсплитскиот“ спорт кој на плажите се појавил пред доаѓањето на фудбалот.

Читај повеќе

Кристалот на трпеливоста

Кон романот „Мина“; пишува: Никола Пијанманов

Се радувам на секој осврт кон книга: кус, експресивен, долг, есеистички… Во време кога оние кои тоа треба да го прават не се на ниво на задачата, многу ми значат илуминациите од драги луѓе. Всушност, во нив и единствено верувам.

Никола Пијанманов минатата недела на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и’ ја „подари“ скулптурата инспирирана и посветена на песната „Есен“ од Рајнер Марија Рилке. Токму германскиот поет е една од референците во освртот кон романот „Мина“, кој Пијанманов го дочитал деновиве, во време кога и тој има причини за прослава на својата уметност. Велат дека писателот целиот живот пишува само една книга. Но Никола во освртот споменува и еден многу битен, клучен збор – трпеливост. Чинам дека тука лежи сета магија при создавањето на едно дело.

Читај повеќе

„Хрониките за Мало и Вело мисто“ од Миљенко Смоје

По повод 100-годишнината од раѓањето, промоција на реизданијата на култните книги на Миљенко Смоје, „Хрониките за Мало и Вело мисто“, на затворањето на „Сплитско лето“. Учествуваа Феѓа Клариќ, Јосип Антиќ, Ивица Иванишевиќ и дизајнерката на кориците (и кутијата), Тисја Кљаковиќ Браиќ.

Читај повеќе

„Големиот Гетсби“ во изведба на HNK на „69 Сплитско лито“

На најубавата сплитска плажа Бене, има една фина летна сцена под сенката на дрвјата, каде по цел ден пеат штурците, и каде во вечерните часови се одржува дел од програмата на 69 издание на „Сплитско лито“. Таму се одигра и претставата на ХНК (Хрватскиот народен театар од Сплит) според антологиското дело на американскиот писател Френсис Скот Фицџералд, „Големиот Гетсби“.

Читај повеќе

Сплитската рибарница на „Мармонтова“

Кога си на море, мора да се посети култниот простор едноставно насловен „рибарница“, затоа што на едно место ги гледаш сите „морски плодови“ кои утрото ги уловиле вредните локални рибари. Така доаѓаш во директен контакт со морското богатство, она кое не го гледаш затоа што само безгрижно си пливкаш на некоја од околните плажи. Рибарницата на една од главните улици во Сплит, „Мармонтова“, има „од пиле млеко“. Низ фотографии го претставуваме богатството забележано деновиве на штандовите таму, кое уште ако си гурман и знаеш убаво да го подготвиш, тогаш на среќата и’ нема крај. Како беше она: Една слика – илјада зборови (овде би додал и – вкусови!). Уживајте 😉

Читај повеќе

Квалификации за Конференциска лига 2023-2024: Хајдук – ПАОК 0:0

Претпладнето ништо не навестуваше дека вечерта Пољуд ќе гори. Погледнат од северната страна на Марјан, стадионот-школка се топеше на летното сонце.

Читај повеќе

Блиц-стрип

Кога конечно ќе се најдете покрај море, особено ако тоа е Јадранското, кое буди многу спомени, но и создава нови, тогаш сите нешта си доаѓаат на место. Еве како морското синило инспирираше краток „блиц-стрип“ со алузија на една од најубавите музички теми во 20 век, химната на Joy Division. Почитувајќи го изразот на омилениот Хуго Прат, стрипот беше исклучиво црно-бел, но подмладокот инсистираше тој да добие боја, затоа што, во спротивно, нема да асоцира на море. Сосема се сложив, и ете, бидна 😉

Читај повеќе

Светски ден на пивото

Од 2007 година стана традиција секој прв петок во август да се одбележи како „Светски ден на пивото“. Оваа година токму на вчерашниот ден, 04 август, му припадна таа чест да биде славена таа неодолива течност „која значи живот“ 🙂

Читај повеќе