Архива за месец: март 2024

Beatles vs Reservoir dogs

Утро по 8 Март.

Тарантиновите Касапски кучиња и Битлси, брзајќи да купат од преостанатите гладиоли за да им ги подарат на љубените (бидејќи синоќа заглавиле, кој во студио, кој низ маало), се разминуваат на пешачки, се создава гужва, напнатост во воздухот, и за момент настанува кошкање меѓу нив. Резултатот е неизвесен 😉

Читај повеќе

Кон „Трилогија“ од Јун Фосе

На 5 октомври, Шведската кралска академија во Стокхолм соопшти дека Нобеловата награда за литература за 2023 година оди во рацете на норвешкиот писател Јун Фосе поради „иновативните драми и прозата која му дава глас на неискажливото“. Во тој момент (а и ден-денес) на македонски јазик може(ше) да се најде единствено делото „Трилогија“ кое во 2018 година го објави издавачката куќа „Готен“, во превод од англиски јазик на Владимир Јанковски. Треба да се има добар „нос“ неколку години пред добивањето на престижната награда да се преведе еден автор на мајчин јазик, „подарувајќи“ им на домашните читатели врвно книжевно и естетско доживување. И што е најважно, засега „Трилогија“ не може да се најде во превод на некој од соседните јазици, што на некој начин претставува овдешен издавачки куриозитет.

Читај повеќе

Последниот роман на Давид Албахари

На 30 јули минатата година не’ напушти Давид Албахари, еден од најзначајните писатели во регионот во последните децении од 20-иот и првите децении од 21 век. Насловот на неговиот последен роман е повеќезначен, и како да го носи крстот на она што Албахари веројатно и го очекувал набргу да се случи, неговото заминување на некое подобро место, таму некаде, каде ќе се дружи со великаните на домашната и светската книжевност. Малку пред оваа неминовност изјави дека дотогаш напишал се’ што сакал, но сепак, црвот проработел, и Албахари ни го подари неговиот последен (диктиран) роман, во кој брилјира на неколку рамништа.

Читај повеќе

Центар за национална култура и уметност „Жорж Помпиду“ во Париз

Кога сте во Париз, кој љубоморно ја чува титулата „најпосетен град во светот“, едно од местата кое мора да го посетите е центарот „Помпиду“. Сместен во зоната „Бобур“ во четвртиот париски арондисман, ова е најголемиот музеј за модерна уметност во Европа. Центарот го носи името на францускиот претседател од 1969 до 1974 година, кој и ја покренал иницијативата за неговата изградба. Комплексот е отворен во 1977 година, и до ден-денес е едно од највозбудливите места за посета доколку сте љубител на уметноста. Модернистичката градба која доминира со просторот во срцето на градот на светлината досега била домаќин на околу 180 милиони луѓе.  

Читај повеќе

Борислав Пекиќ за реформите во образованието

На 04 февруари 1930 година во Подгорица, Црна Гора, е роден Борислав Пекиќ, романсиер, драмски писател, филмски сценарист, академик, еден од најзначајните автори во регионот. Од 1945 до 1971 година, кога емигрирал во Лондон, тој живеел во Белград. Зад себе остави богата библиографија исполнета со антологиски дела, меѓу кои се вбројуваат „Беснило“, „Како да се упокои вампир“, „Атлантида“, „Одбраната и последните денови“, „Годините кои ги изедоа скакулците“…

Во случајов, претставуваме еден текст од врвниот интелектуалец кој се однесува на реформите во образованието, кој датира од далечната 1955 година, но очигледно, актуелен е во денешно време.

Читај повеќе