30 години Независна музичка сцена, епизода 1

Летото е во полн ек, и некако ми се виде важно, погледнато од двегодишна дистанца, да го споделам мојот ангажман во проектот насловен „30 години Независна музичка сцена“, кој се реализираше од 20 до 22 август 2021 година на плажата „Оревче“ во Охрид, како непроценлив придонес и вреден архивски документ за македонската музичка сцена. Организатор на настанот кој на едно место ги собра повеќето релевантни македонски ди-џеи и неколку актуелни бендови беше ЕЕММ Group, a поводот беше навистина убав – 30 години независна и слободна Македонија!

Концептот беше едноставен: во текот на денот и раните вечерни часови, зад ди-џеј пултот продефилираа повеќето значајни имиња кои во изминатите три декади ревносно ја градеа клупската сцена кај нас, а вечерта, во 23 часот, настапуваше по еден бенд со свој целовечерен концерт: првата вечер Дина Јашари, втората Фанк шуи, а третата Фолтин. Овие концерти одеа во живот на „ТВ 24“, а дваесетина минути пред нив следеше краткиот осврт кон случувањата во тековниот ден.

Го искористив моментот да поразговарам со дел од присутните гости, и нескромно, ми се чини дека реализиравме квалитетни разговори за македонската музичка сцена во последниве неколку декади, заокружувајќи го муабетот со кратко интервју со вечерашниот артист во живо.

За битната музичка декада во нивниот живот и за тоа колку „вртат“ македонска музика во нивните сетови, во првата епизода зборувам со Јулијана Милутиновиќ, Костадин Шурбановски, Нино Наумов и Самоил Радински, а потоа следи и мини интервјуто со вечерашната музичка ѕвезда, Дина Јашари. Уживајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *