Празник е
Старите не’ потсетија дека треба да ги
повикаме духовите.
Тие дојдоа и се сместија во селото
Некои влегоа во куќите, други се качија
на дрвјата.
Кога почна танцот, се отвори вселената.
Роеви пчели и мајски бумбари танцуваа со
нас и нивното зуење се слеваше со нашите
свети извици.
Коњите ‘ржеа, волците седнати завиваа
Духовите одеа по ѕидовите на своите
стари одаи.
Езди ритуалот.
Ние не знаеме кога се случува ова, ниту каде.
Ние сме сите и секаде, никој не е еден. Ниту
планината, ниту реката, ниту полето.
Ние сме сите во сето.
Тоа беше вчера. Дамна.
Денес, недела, празничен ден, седам со
мобилниот в раце.
Во едно кутивче целиот свет.
Сестра ми, помалиот брат, мајка ми,
бабичката наша, братучедот, татко ми во
другата соба, сите сме со мобилките в раце.
Честита недела. Андроид платформа.
Со светот во кутивче, секој сам.
Песната е дел од стихозбирката, „Дни, години“ (Слово, 2023), добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата