Интервју во „Културен печат“ за новиот роман „Ветрилиште“

Новинарот и публицист Тони Димков е ретката светла точка во печатените медиуми кога станува збор за настаните од уметноста и културата. Во последниот, 261 број на „Културен печат“, додатокот на осум страници кој излезе во викенд изданието на „Слободен печат“, зборувавме за процесот низ кој поминав пишувајќи го „Ветрилиште“, но загатнавме и други теми релевантни за актуелната книжева сцена во Македонија. Всушност, сето она што беше (или требаше да биде) кажано на промоцијата на книгата, е фино сублимирано во ова интервју.

За оние што го пропуштија печатеното издание, доколку имате желба, комплетното интервју можете да го прочитате на следниот линк:

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-so-pisatelot-igor-angjelkov-vetrilishte-e-mozhen-futur-avtobiografski-roman

Ви благодарам на вниманието и одвоеното време 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *