Беџ, ЦД, фотографија

Буричкајќи низ домашната библиотека, деновиве пронајдов три драгоцености. Имено, за првите три прозни изданија, практикував секој читател, освен приказните, да добие и нешто плус.

Со збирката раскази „Кротки приказни“ подарував беџ, кој потоа еден близок пријател го носеше со години, со романот „Крај-пат“ одеше компакт диск, односно, препорака за слушање музика додека се чита книгата, а со „Фото синтеза“ следеше подарок-фотографија од Скопје (вообичаено илуминации врз неговите градски ѕидови), бидејќи главниот лик Панк се занимава со фотографирање.

Со актуелното реиздание „Кротко-крајпатни синтези“ не оди подарок, но затоа на едно место се собрани сите три прозни дела, во кои се надевам дека читателите уживаат и од оваа временска дистанца, затоа што не постојат „стари книги“ 😉