Историски ФИПРЕСЦИ момент на отворањето на “MDAG” во Варшава

Со филмот “Closure/Без крај” на полскиот автор Михал Марчак, синоќа во Варшава почна 23 издание на фестивалот на креативна документаристика “Millenium Docs Against Gravity”, вториот европски фестивал по значење во овој жанр, по оној во Амстердам. Ова беше историски момент за интернационалното здружение на филмски критичари FIPRESCI, бидејќи за прв пат ја доделувавме наградата за најдобар документарен филм.

Претседателот Ahmed Shawky му ја додели симпатичната статуетка (дизајн на Lili Topor) на хрватскиот автор Игор Безиновиќ за фантастичниот “Fiume o morte/Риека или смрт”.

По отворањето падна убава дружба со имењакот, чиј филм освои еден куп награди, на крајот заслужено заокруживајќи го патот и со ФИПРЕСЦИ. Со својот ведар дух, вечерта уште поубава ја направи и присуството на колегите Hrvoje и Дијана од “ЗагребДокс”.