„Меѓународен саем на музика, винили и аудио опрема“ #2

Во саботата во „Дајмонд мол“ се одржа второто издание на „Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема“, во организација нa Тошо Филиповски. 27-те излагачи во двата атриума го понудија најдоброто на винили и други носачи на звук, зачинето со врвна опрема за сладокусците.

Во текот на 12-те часа настанот имаше богата содржина која вклучуваше и преслушување на македонски винили објавени меѓу двата саема. Во еден од атриумите имав можност да разговарам со момците од „Луфтханза“, со Јордан Костов, со Ивица и и Јане од „СИЗ“, со Мирко од „100рен“, со Лука Новаковиќ од „Диском“ (Србија), Дарио Адамиќ од „Гудвил“ и „НоПлан“ рекордс (Хрватска/Берлин)…

Внимание привлече и панел-дискусијата „Македонското музичко издаваштво – лет во место?“, на која се зборуваше за иднината на музичкото издаваштво кај нас.

А лудо и незаборавно беше пред крајот на манифестацијата, кога Дарио го приреди музичкиот квиз на кој беа пријавени пет екипи и во кој навистина уживавме и се забавувавме, тестирајќи го нашето музичко знаење, по што следеа и богати награди.

Се’ на се’, супер настан кој во иднина може само да расте и да ги збогатува своите содржини. До следната година, слушајте добра музика 😉

@photo by Zdenko Petrovski