Годината е 1999. Студиите по новинарство се при крај, и по актуелниот радио ангажман во „Стотројка“ и хонорарните текстови низ разни македонски весници и списанија, ми се укажува можност да почувствувам како е да се работи и во телевизиски медиум. Тогашен ТВ Сител беше сосема поинаков од денешниот, со многу ентузијасти кои си ја сакаа и си ја знаеја работата, која резултираше со интересни телевизиски продукти.
Попладневниот магазин беше од областа на културата, и во негови рамки правам прилози на разни теми, меѓу кои највеќе ја третирам домашната музичка сцена. Сето тоа по кратко време се претвори во еднонеделен дваесетминутен магазин со наслов „Нова машина“.
Во тие дваесетина и кусур музички прилози во текот на моето голобрадо деветмесечно телевизиско искуство, и’ дадов отворен простор на македонската алтернативна музичка сцена, која беше флуентна и жива, неретко снимајќи и низ скоспките гаражи каде бендовите вежбаа. Едни од првите гости ми беа „Суперхикс“, тогаш бенд кој ветува, но се’ уште мудро сокриен во аеродромските гаражи, пред да се случи конечната експлозија.
Погледнете го овој вистински телевизиски раритет со сите негови фристајл доблести и недостатоци, кој конечно од домашната ВХС архива се преселува онаму кадешто треба.
Напомена: во наредниот период следат уште неколку ретро ТВ бисери, стеј тјунд 😉