Во последниве години се случува вистински ривајвл на издавање на музика на винил, откако во последната декада од минатиот век, приматот го презедоа компакт дисковите. По падот на Берлинскиот ѕид и завршувањето на ривалството помеѓу Истокот и Западот, на пазарот се појавија многу пиратски ЦДа кои на овие простори се продаваа за багателни цени. Љубителите на музиката беа фатени во расчекор – т.н. „бугарски дискови“, или да се задржат на колекционирање на оригинали?
Во музичкиот магазин „Нова машина“ сум се обидел да одговорам на овие прашања пристапувајќи и’ на темата од различни аспекти, вклучувајќи и мала анкета со случајно затекнати соговорници-аудиофили во една скопска музичка продавница.
@ТВ Сител, 1999