Дружба и фото за спомен во рамките на „20. ПЕН конференција“ во Охрид со Владислав Бајац, човекот кој со белградската издавачка куќа „Геопоетика“ веќе три децении ни приредува вистински книжевни возбуди.

Авторот кој ни ги подари “бамбусот”, “друидот”, “хамамот”, “сомнежот”, во моментов е актуелен со романот „Истрел во празно“ во кој раскажува за една поинаква Америка од 80-те години на минатиот век низ посетата на тројца новинари од Југославија.

А кога сме веќе кај Америка, пријатно ме изненади информацијата дека овој месец е објавена нова книга од омилениот Пол Остер, мемоарско-есеистичката „Нација искапена во крв“, во која авторот продира во сржта на американската опсесија со огненото оружје.

Can’t wait to read them!!!