Промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“

На Денот на македонскиот јазик, денес точно напладне, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ беше промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на Снежана Младеновска Анѓелков.

Проектот се крчкаше подолго време, од идеја до финална реализација, и истиот отвора простор за нови размислувања околу женското писмо и сите негови специфики кое тоа со себе ги носи и ги негува: Колку авторките биле дел од канонот на македонската литература? Колку таа категорија се променила со текот на времето? Каква е улогата на писателките во рамките на актуелната македонската книжевна сцена? Колку се читани и почитувани? Дали нивните дела се дел од образовниот систем и лектирните изданија?

Премиерата на овој документарен филм ја проследија ученици од трета и четврта година од средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Панче Арсовски“ и нивните професорки, што е и една од целите на проектот, истиот да биде прикажан како дел од образовниот процес во средните училишта во соработка со професорките по македонски јазик и литература, со намера да им се доближи творештвото на македонските писателки на учениците и нивно запознавање со актуелните случувања на македонската книжевна сцена.

Погледнете го филмот на следниот линк:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *