На денешен ден во 2016 година, на неговиот 69 роденден, излезе прекрасниот албум “Blackstar”, кој испадна дека е неговата “лебедова песна”, најава за неминовната смрт која се случи само два дена подоцна, на 10 јануари.
Во чест на Дејвид Роберт Џонс, кој ја „изрежира“ својата смрт на најдобар можен начин, денес заслужен фокус на неговото последно ЛП, кое содржи прекрасно дизајниран буклет. Because, we could be heroes just for one (eternal) day 😉
А следниот ден… па следниот ден, по „Blackstar“, се префрламе на „The Next Day“, албумот кој му претходеше на завршниот чин. Објавен во март 2013 година, тој беше 25-иот, и најдолго очекуваното парче музика од Боуви, кој со илустрацијата на обвивката јасно реферираше на славниот албум „Heroes“, со авангардниот бел „Маљевич“ квадрат како надоврзување на неговото музичко наследство, кое младите генерации на слушатели тек ќе треба да го откриваат. Или, нема веќе херои, сите ги потрошија своите 15 минути слава, одиме на следното ниво.
And once again, we could be heroes just for one (eternal) day 😉