Архива за категоријата: Илуминации

Филм, музика, книжевност, уметност… но и патувања, градови, колекционерство, спорт, хумор… Оваа рубрика е за убавиот дел од животот и разните фасцинации од него ;-)

Градот Витиер во Алјаска

Алјаска е американска сојузна држава која кон САД била приклучена во 1959 година, откако ја купиле од Русија во1867 година. Таа со површина од 1.717.855 км2 е најголемата држава во САД, и на тој простор живее население од 663.661 жител. Главен град е Џуно. Но приказната овој пат е за еден друг град, кој го сочинува една единствена зграда. Неговото име е Витиер.

Читај повеќе →

65 години „Наш свет“

Прв прозорец кон светот за секој основец долги децении беше неделникот „Наш свет“, кој со нетрпение очекувавме да ни го донесат, ако добро се сеќавам, во средите. Потоа следеше читање од „А“ до „Ш“ на секој објавен текст, и на крајот вистинското колаче – музичките топ листи, на кои, барем во 80-те, неодминливи беа Мили Ванили, Т’Пау, Сузан Вега, Трансвижн вамп итн. Оваа година се навршува 65-годишнината од излегувањето на првиот број, а токму деновиве случајно наидов на една фина архива од стари насловни, па ми се чинеше дека е убаво да се одбележи јубилејот.

Читај повеќе →

Нил деГрас Тајсон предизвикува

Славниот научник кој во последниве децении низ разни популарни шоуа се обидува да ја приближи вселената и нејзините законитости до обичниот човек, деновиве излезе со еден предизвик, во кој јасно вели: „Ако ја напуштите Земјата на 15-годишна возраст во вселенски брод кој шиба со брзина на светлината, и останете пет години во вселената, кога ќе се вратите на нашата планета ќе имате 20 години, но сите ваши пријатели кои имале 15 години како и вие кога сте ги напуштиле, сега ќе имаат 65 години. Овој феномен во физиката е познат како „времескo проширување“. Дали би прифатиле ваков предизвик?

Читај повеќе →

Нобелова награда за мир

На денешен ден во 1979 година, на Скопјанката Гонџа Бојаџиу, попозната како Мајка Тереза, во Осло и’ беше доделена Нобеловата награда за мир. Во нејзиниот спомен-музеј во Скопје, на видно место се истакнати копијата од дипломата од овој настан и фотографијата која датира токму од 10 декември, кога Мајка Тереза лично ја примила наградата од Нобеловиот одбор.

Читај повеќе →

До крајот на светот

Се’ уште се свежи сеќавањата кога поранешната заедница на која припаѓавме почна крваво да се распаѓа, расчистувајќи со минатото, а во кината пристигна новото остварување на Вим Вендерс во кое тој кокетираше со иднината. Фино залегнати во кино-фотелјите на „Култура“ во „оазата на мирот“, по неколку пати уживавме во таа утопија на екранот, во која германскиот маг ни навестуваше свет во кој ќе можеме да си ги снимаме сопствените соништа. За таква (а не за онаква) транзициска иднина каква што се наѕираше зад аголот, вредеше да се живее.

Читај повеќе →

Fu.king = Fugging

По вековно исмејување, градот „Фу*кинг“ во Австрија конечно го смени името во „Фугинг“. Со години, ова гратче беше тема за потсмевање и правење шеги. Работата отиде дотаму што туристите им ги крадеа знаците, а шегобијците правеа разни ѓурултии како во епизодите на серијалот „Панк’д“.

Читај повеќе →

Приземјеното сонце и деветте погледи

За да привлечете што поголем број на туристи во метрополата, морате да имате што повеќе работи кои ќе ги анимираат додека престојуваат во градот. Освен музеите, скулптурите и останатата стандардна понуда, потребна е програма плус за што подобри впечатоци по заминувањето на посетителите. Загреб има убав проект кој е остварлив за најупорните, и според коментарите на сите оние кои поминале низ процесот, заклучокот е дека навистина вредело.

Читај повеќе →

Трафиките што ги нема

Кога се запишав на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје, на првиот час вообичаено генерацијата се запознаваше, а на вториот час ни беше зададена задача за пишување есеј насловен „Зошто се запишав на новинарство?“ или „Зошто сакам да станам новинар?“ Ми делуваше шокантно ова барање од професорот бидејќи ме потсети на редовната обврска во основно училиште кога на првиот час по македонски јазик задолжителниот состав што требаше да го напишеме беше со наслов „Како го поминав летниот распуст“. Та нели сме на факс, нештата треба да се одвиваат на повисоко ниво, се прашував. И затоа решив малку да се позезам. „Јас, всушност, не сакам да бидам новинар, туку да работам во трафика“, отприлика гласеше поентата на мојот текст, во кој образложувам дека уште од мали нозе токму трафиката, од каде ги купував весниците што, во зависност од возраста, ме интересираа, беше мојот прозорец кон светот. Се разбира, есејот мораше да го прочитам и пред новите колеги, потег кој исто така ме потсети на деновите поминати во основното образование.

Читај повеќе →

Тврдината „Нехај“ во Сењ

Балканот изобилува со тврдини кои најчесто служеле за одбрана во време на војна. Една од најпознатите на јадранското приморје е онаа во малиот и симпатичен град Сењ. Тврдината „Нехај“ одиграла важна улога во одвраќањето на Турците-Османлии од продирањето кон централна Европа, каде со статус на херои се стекнуваат познатите хрватски Ускоци.

Читај повеќе →

„Свети Пантелејмон“ и фреската „Оплакувањето Христово“

Овој месец се прославуваат 860 години од изградбата на црквата и манастрискиот комплекс на падините на југозападно Водно, „Свети Пантелејмон“. „Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнин, син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (т.е. 1164 година, м.з.), при игуменството на Јоаникиј монах“, пишува на натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, потврдувајќи ги месецот и годината кога се отвориле вратите за сите патници-добронамерници во овој православен храм.

Читај повеќе →