Што е она по што особено се издвојува „КинеНова“ од другите фестивали? Секако, по супер квалитетната филмска програма. Моќта на подвижните слики во новиот милениум дефинитивно е во рацете на дебитантите, оние чии први и втори филмови содржат свежина, енергија и нов поглед кон светот кој постојано се менува.
И оваа година се потрудивме во главната програма да избереме возбудливи филмски остварувања кои третираат теми со широк опсег – од последната супа на Че Гевара таму горе, високо на Андите, пред да биде егзекутиран, до светлината на крајот од тунелот за една симпатична Казахстанка, која конечно ја открива своја женственост.
Секогаш силните национални кинематографии на Полска и Шпанија на јубилејното, петто издание на фестивалот се застапени со три филма. Од прославената филмска школа во Лоѓ ни доаѓаат две силни остварувања кои нема да ве остават рамнодушни поради нивната експлозивност, а единствениот документарен филм во официјалната селекција ќе не’ разигра со фламенкото, истовремено враќајќи не’ во мрачните, диктаторски времиња на Стариот континент, под палката на ген. Франко.
Боите на курентната балканска кинематографија ќе ги бранат несекојдневниот хрватски филм кој е на работ од документарното, разработувајќи тема за вечното враќање дома, а потентната грчка кинематографија овој пат ја гледаме во „нормално“ светло, со многу симпатичната драма која нуди неколку изненадувања.
И на крајот, вистинското колаче за љубителите на филмската уметност, филмот „Јазовецот“ од секогаш возбудливата и почитуваната иранска кинематографија.
Ви посакувам пријатни моменти крај ТВ екранот, кои, се надевам, ќе ги отворат вашите ум и срце за квалитетна кинематична дебата со најблиските.
08 октомври, 21.30
Полска/2019/78’
СУПЕРНОВА (Supernova)
Screenplay/director: Бартош Крулик (Bartosz Kruhlik)
cast: Марек Браун (Marek Braun), Марсин Хицнар (Marcin Hycnar), Агњешка Скибицка (Agnieszka Skibicka)
Синопсис
Тројца мажи, едно место и еден настан кој ќе го смени животот на секој од нив. Универзална приказна снимена во реалистичен стил ја раскажува приказната за неколкуте фатални часови во една рурална заедница. Филмот фрла поглед врз состојбата на човекот во гранична ситуација и ги отвора прашањата за есенцијата на среќата и судбината. Крвава приказна, која успешно ги микса жанровите драма, трилер и филм на катастрофи.
Festivals and awards
23rd Black Nights Film Festival (2019) – International Premiere
44th Gdynia Film Festival (2019) – Best Directing Debut
Биографија
Бартош Крулик (1985) дипломирал режија на Националната филмска школа во Лоѓ. Неговите кратки филмови се прикажани на стотина фестивали ширум светот, каде се закитиле со 150 награди. Во 2013 година ја примил наградата за уметничко достигнување од Министерството за култура на својата држава. Во 2019 година, за неговиот деби филм „Супернова“ ја добил наградата за режија на 44 Филмски фестивал во Гдиња. Во слободно време е пасиониран играч на шах.
https://www.youtube.com/watch?v=SADUQ1xaLBE
12 октомври, 23.00
Казахстан/2019/75’
МАРЈАМ (Mariam)
Screenplay/director: Шарипа Уразбаева (Sharipa Urazbayeva)
cast: Меруерт Шабусинова (Meruert Sabbusinova), Хамза Кокшебек (Hamza Koksebek), Алмаз Бектибаев (Almas Bektibayev)
Синопсис
По мистериозното исчезнување на нејзиниот маж, сиот товар на преживување за време на студената зима во едно далечно село во Казахстан ќе падне врз Марјам, мајка на четири деца. За да ја спаси ситуацијата, таа мора да донесе неколку фатални одлуки, притоа откривајќи ја својата женственост. Кога се чини дека се’ ќе почне да оди на добро, нејзиниот маж ненадејно се појавува како ништо да не се случило. Дали претходниот живот може да биде вратен?
Festivals and awards
Busan International film festival 2019 – Best Asian movie 2019
Bosphorus film festival 2020 – Official competition
Биографија
Шарипа Уразбаева дипломирала филмска и ТВ продукција на Казахстанската национална академија „Т. Жургенов“ во 2010 година. Во 2013 година заминува за Португалија на мастер студии за технологијата на филмот на Лисабонскиот универзитет „Нова“. Таа има снимено неколку кратки филмови кои се закитија со награди на интернационалните филмски фесивали за краток филм. „Марјам“ е нејзино дебитанстко остварување.
11 октомври, 18 часот
Шпанија/2019/85’
МЕНЕСЕ (Menese)
Director: Ремедиос Малварез Баез (Remedios Malvarez Baez)
Screenplay: Ремедиос Алварез (Remedios Malvarez), Хозе Ромеро (Jose Romero)
cast: Роко Маркез (Rocío Márquez), Лора Витал (Laura Vital)
Синопсис
Овој документарен филм е прв за Хозе Менесе, кантавторот кој го револуционизираше фламенкото, давајќи му политичка и социјална димензија низ протестните фламенко песни кои се соочуваа со шпанскиот диктатор Франко, вметнувајќи го овој тип на уметност онаму кадешто претходно никогаш не бил употребен. Денес овие песни се откриени и реинтерпретирани од гласовите на млади музичарки, кои на некој начин повторно го револуционизираат фламенкото како израз, кој вообичаено се поврзува со машкиот глас.
Festivals and awards
Madrid Film Festival 2019 – Official section
45 Festival de Cine Iberomericano de Huelva 2019 – Official section
RTVA 2019 – Remedios Malvárez, award for best director
ASECAN 2020, Andalusian Film Academy – Award for Best documentary
Биографија
Ремедиос Малварез Баез (1967) е професионална фотографка од 1989 година. Фотографското и аудиовизуелното усовршување го имала во Мадрид, Барселона и Лондон. Имала бројни изложби низ светот, за кои неретко била и наградувана. Во 2016 година ја добила наградата за особен придонес во новата андалузиска документаристика на фестивалот „ASFAAN“. Таа е член на Академијата за филм и уметност на Шпанија.
09 октомври, 22.50
Полска/2019/78’
ИСТЕРН (Eastern)
Director: Пјотр Адамски (Piotr Adamski)
Screenplay: Пјотр Адамски (Piotr Adamski), Михал Гроховијак (Michal Grochowiak)
cast: Мариуш Баковски (Mariusz Bakowski), Тадеуш Брадецки (Tadeusz Bradecki), Марсин Зарник (Marcin Czarnik)
Синопсис
Овој неoбичен филм, насловен по жанрот кој на истокот претставува „вестерн“, се случува зад портите на станбените имоти, каде се игра необична игра. Животот на неговите богати жители е регулиран со почесен, патријархален закон. Но, семејствата Ковалски и Новак со години се вовлечени во семејна крвна одмазда. Под притисок на нејзиниот татко и заедницата, Ева Новак започнува лов на младата Клара Ковалски, убиецот на нејзиниот брат.
Festivals and awards
Koszalinski Festival Debiutow Filmowych Mlodzi i Film (2019) – Best debut actor, Best music
Journalist Awards for Feature Film – Best Debut film
Polish Film Festival (2019) – Panorama of Polish Cinema (Special Screening)
Ischia Film Festival (2020) – Best Film, Best Director
Биографија
По снимањето на неколку краткометражни филмови, полскиот сценарист и режисер Пјотр Адамски дебитираше со одличниот филм „Истерн“, кој ги освои срцата на жирито и публиката на неколку филмски фестивали во изминатиот период. „Сакав да видам дали термините како „почесен код“ и „одмазда“ се’ уште се важни и објасниви во нашиот современ свет“, е изјавата на режисерот, кој сними „зачуден“ филм кој нема да ве остави рамнодушни.
10 октомври, 23.10
Хрватска/2019/93’
МАЈКА (Mother)
Screenplay/director: Јуре Павловиќ (Jure Pavlovic)
cast: Дарија Лоренци (Daria Lorenzi), Нева Рошиќ (Neva Rosic), Вера Зима (Vera Zima)
Синопсис
„Мајка“ е приказна за Јасна, која откако ја добива веста дека нејзината мајка Анка е со влошено здравје, е приморана да се врати во местото каде го поминала најголемиот дел од животот – нејзиниот дом. Преку односот на Јасна и Анка всушност е отсликан животот во едно типично мало место на Медитеранот, гратче каде луѓето, убедени дека помагаат, најчесто го прават спротивното. Вовлекувајќи се во анксиозноста на заедницата, филмот суптилно ги разголува класните, статусните и половите теми кои ги обликуваат личностите на двете протагонистки, како и нивната тврдоглавост, сила и трагични мани.
Festivals and awards
Black Nights Film Festival, Tallinn, Estonia – World premiere, official competition
FEST Belgrade, 2020 – Award for best film in region
Taorina film festival, Italy 2020 – Award for best actress
Pula Film Festival 2020 – „Breza“ for Best Film, Actress, Cinematography, Sound
Биографија
Јуре Павловиќ (1985) дипломирал режија на Академијата за драмска уметност во Загреб. Тој бил дел од различни интернационални работилници на фестивалите во Берлин, Сараево итн. Неговите кратки филмови биле дел од многу фестивали и добиле бројни интернационални награди на фестивали како Берлинале и Клермон-Феран. Неговиот краток филм „Пикник“ (2015) ја доби Наградата за најдобар европски краток филм на Европската филмска академија.
09 октомври, 21 часот
Грција/2019/100’
ВЕТЕРАН (Defunkt)
Screenplay/director: Закаријас Мавреидис (Zacharias Mavroeidis)
cast: Михалис Сарантис (Michalis Sarantis), Танасис Папагеоргиу (Thanasis Papageorgiou), Ѓота Феста (Giota Festa)
Синопсис
Триесет и кусур годишниот пропаднат бизнисмен ќе се всели во куќата на дедо му, ветеран од Втората светска војна. После долго време, тој повторно се дружи со пријателите од детството, сега нови луѓе и секој со посебна животна приказна. Сето ова за него е ново, емоционално искуство низ кое треба да помине. При неговата потрага и враќањето на семејните корени, тој ќе се редефинира и себеси и некогашниот семеен херој.
Festivals and awards
Thessaloniki Film Festival 2019 – Audience award for Best film, Youth Jury Award
FEST Belgrade, 2020 – Official competition
Hellenic Film Academy Awards 2020 – Award for Best Film and Best Screenplay
Transilvania International Film Festival 2020 – Official competition
Биографија
Закаријас Мавреидис (Атина, Грција) студирал архитектура и театар пред да се префрли во филмот. Неговиот деби филм, „Водачот“ (2011) е прикажан на повеќе од 20 светски фестивали. Во 2014 година излегува неговиот прв роман, „Преостанати девет животи“. Во 2018 година го снима документарниот филм „Низ нејзиното тело“, за религиските традиции на островот Тиресија.
13 октомври, 23.00
Боливија/Катар/Канада/2019/79’
ИМЕТО НА ЦВЕЌИЊАТА (THE NAMES OF THE FLOWERS)
Screenplay/director: Бахман Тавооси (Bahman Tavoosi)
cast: Сузана Кондори (Susana Condori), Барбара де Флорес (Bárbara de Flores), Фермина де Моралес (Fermina de Morales)
Синопсис
Ова филмско деби е поетски портрет на заедницата оставена назад, во историјата. Со декади, пензионираната учителка во селото високо на Андите, ја споделува својата приказна со туристите како го нахранила славниот Че Гевара со супа, а овој ја наградил пишувајќи и’ поема неколку часа пред егзекуцијата. Но, кога Владата се подготвува за прослава на 50-годишнината од неговата смрт, се појавува нова жена која тврди дека тоа е нејзина приказна. Снимен како серија од фотографии вклучувајќи одличен дизајн на звук, филмот претставува вистинска убавина и моќ на подвижните слики.
Festivals and awards
Tallinn Black Nights Film Festival 2019 – Best First Feature
Venice Film Week 2020 – Best Narrative Feature Film
Rhode Island International Film Festival 2020 – Award for Best Film
Brussels International Independent Film Festival 2020 – Best Film
Биографија
Бахман Тавооси е канадски писател, продуцент, сценарист и режисер со база во Монтреал. Тој е роден во Техеран, Иран, во 1988 година. Неговата филмографија ги содржи документарниот филм „A Dress Rehearsal for an Execution“ (2013) и краткиот филм „The Republic of (A)“ (2011). Неговиот дебитантски филм „Los Nombres de Las Flores“ (2019) е награден на многу фестивали, вклучувајќи го и оној во Талин, Естонија.
17 октомври, 21.00 часот
Иран/2020/92’
ЈАЗОВЕЦОТ (The Badger)
Screenplay/director: Казем Молаје (Kazem Mollaie)
cast: Вишка Азајеш (Vishka Asayesh), Хасан Маџуни (Hasan Majuni), Меравех Шарифиниа (Mehraveh Sharifinia)
Синопсис
По успехот со филмот „Купал“ (2018), ценетиот ирански режисер Казем Молаје овој пат ни го подарува „Јазовецот“, приказна за една жена, Содех Шарифзадеган, играна од популарната иранска комедијантка Вишка Азајеш, која поминува низ предизвикувачки моменти во нејзиниот живот, на прагот од вториот брак. Уште еден претставник на моќната иранска кинематографија во вистинска смисла на зборот.
Festivals and awards
23rd Shanghai International Film Festival – Asian New Talent Award Section
Биографија
Казем Молаје ја почна филмската кариера со краткиот филм „From Game to…“ во 1999 година. Тој дипломирал на отсекот за режија на Универзитетот во Техеран во 2005 година. Бил член на неколку здруженија како “Iranian Young Cinema Society” (IYCS), “Iranian Alliance of Motion Picture Guilds” (Khaneh Cinema), а член е и на Здружението на режисери “Iranian Short Film Association” (ISFA). Публиката го препознава по неговиот деби филм „Kupal“ (2017) и по кратките филмови „Delete“ (2011) и „Minus“ (2009).