Денес е годишнина од смртта на Фјодор Михајлович Достоевски (11.11.1821 – 9.02.1881). По тој повод, еве една песна од Чарлс Буковски. Сосема легитимно е прашањето: а каква врска имаат Достоевски и Буковски? Па, за почеток, презимињата им завршуваат на -ски, а не се Македонци
Читнете ја песната, зборува за моќта на пишаниот збор

Среќата на пишаниот збор
Со години добивам писма од луѓе кои ми кажуваат дека
читањето на моите книги им помогнало да преживеат,
да туркаат понатаму.
Тоа навистина е голема пофалба и јас знам на што мислат:
мојата смелост да терам понатаму е засилена со читање
на Фанте, Достоевски, Лоренс, Селин, Хамсун и другите.
Сировиот збор на страницата,
сличностите на нашиот заеднички пекол
кога се’ ќе се пробие со посебна сила,
тие зборови и тоа што тие го говорат
помагаат да го провлечеме газот низ оганот.
Добрата книга може да го стори
речиси невозможното постоење подносливо
и за читателот и за писателот.
