Герила радио

Младинскиот образовен форум е прекрасна платформа во чиј фокус се младите и нвното критичко размислување во однос на многу актуелни општествено-политички теми. Во текот на годината се одвиваат еден куп работилници и настани, а постојан гласноговорник на фреквентните активности е Радио МОФ, кој може да се слуша 24/7.

Домаќинот Илија Гиле Ангеловски, чија емисија има завидна километража, ме покани во ценетата емисија „Герила радио“ да помуабетиме за книжевноста, музиката, филмот… за Скопје во 90-те и 2000-те, за ноќниот живот, концертите, медиумите… и сите оние работи кои животот го прават поподнослив и поубав. Баш уживав пред микрофонот после дооооолго време.

Емисијата премиерно беше емитувана во понеделникот од 18 до 19 (и кусур) часот. За оние што ја пропуштија, еве ја во целост на следниот линк, како прослава на светскиот ден на радиото вчера, 13 февруари. Се надевам дека ќе уживате во муабетот 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *