„И други приказни“ од Георги Господинов

Денеска од печат излегува „И други приказни“ од Георги Господинов, која пред десетина години првично ја издаде „Темплум“. Во очекување на ново дело од бугарскиот автор, актуелен со романот „Засолниште во времето“ кој доби многу меѓународни признанија, ИЛИ-ИЛИ се реши за ваков потег, на радост на многумина фанови на писателот.

Како што сугерира и самиот наслов, „ПРИКАЗНАТА“ е централната тема, покрај тоа што е основна книжевна форма во ова дело. „И други приказни“ го потврдува раскажувачкото мајсторство на Господинов и му открива на читателот еден неодолив и заводлив сплет од хумор, тага и најскриени емоции.

Еве што напишаа критичарите за неговите раскази, за чие мајсторство сведочиме и во неговите збирки „И се’ стана месечина“ и „Сите наши тела“:

„Господинов сака во своите раскази, како Рабле, да го спои тривијалното со возвишеното, баналното со исклучителното, шегата со ерудицијата, историјата со секојдневието.“ Page, Париз

„Со Георги Господинов се нурнувате во имагинарен свет каде што секоја буква се однесува на жена, секој збор осцилира помеѓу тагата и смислата за хумор…“ Le Nouvel Observateur

„Западната метафикција се среќава со источноевропската метафизика…“ World Literature Today

„Приказни кои изгледаат како деца од мешани бракови – со необично и незаборавно лице.“ Мирела Иванова, Капитал

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *