„КинеНова“ РЕТРОСПЕКТИВА

Официјалниот старт на петтото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“ е на 08, а финалето на 18 октомври. Меѓутоа, годинава поради новината фестивалот комплетно да се пресели на телевизискиот екран (ТВ24), од вечерва, 01 октомври, следи загревање за љубителите на седмата уметност. Во следните седум дена гледачите ќе имаат можност секоја вечер во 21 часот да изгледаат по еден филм кој оставил печат во претходните фестивалски изданија. Вклучете се, бидејќи следат еден куп квалитетни филмови кои ќе ги задоволат и најистенчените вкусови. Уживајте 😉

01 октомври, 21 часот
Bulgaria/2016/101’
СЛАВА (Glory)
Screenplay and Directors: Петар Валчанов (Petar Valchanov), Кристина Грозева (Kristina Grozeva)
Cast: Стефан Денољубов (Stefan Denyolubov), Маргита Гошева (Margita Gosheva), Александра Ангелова (Alexandra Angelova)

Синопсис
Бугарски железничар кој живее повлечен живот наоѓа милиони пари истурени врз пругата и ги предава на полицијата. Кога шефицата на Министерството за транспорт, Јулија Стаикова, одлучува да го искористи за пренасочување од корупцискиот скандал, неговиот едноставен живот станува жртва на бирократската мелница.

Fеstivals and awards
Kinenova film festival 2016 – Best film
Locarno Film Fest 2016 – Best New Cinema
Bulgarian Film Academy Awards 2017 – Best film, Best Director, Best Actress, Best Screenplay
Edinburgh International film festival 2017 – Best International Film
Sofia Film Festival 2017 – Best Balkan Film

Биографија
Кристина Грозева и Петар Валчанов како тандем работат уште од самите почетоци на нивните кариери, по завршувањето на филсмките студии во Софија. Нивната прва соработка е на документарниот филм „Parable of life“ (2009), за следната година да го реализираат и ТВ филмот „Forced landing“ (2010). Голем успех постигнуваат со краткиот филм „Jump“ (2013), кој е прв бугарски филм номиниран за европските филмски награди EFA.  Нивното прво целовечерно остварување, пак, „Лекција“ (2014) беше дел од А-фестивалите во Торонто и Сан Себастијан.  Нивниот втор филм „Слава“ постигнува огромен успех и гледаност низ целиот свет, но е и прв победник на нашиот фестивал „КинеНова“, добивајќи ја главната награда од жирито во 2016 година.


02 октомври, 21 часот
Croatia/2018/90′
АЛЕКСИ (Aleksi)
screenplay and director: Барбара Векариќ (Barbara Vekaric)
cast: Тихана Лазовиќ (Tihana Lazovic), Горан марковиќ (Andrea Zahariev), Леон Лучев (Leon Lucev), Себастијан Каваца (Sebastian Cavazza)

Синопсис
Алекси е 28-годишна девојка која ги игнорира своите обврски и се впушта во различни животни експерименти. Штотуку вратена од Берлин на имотот на нејзините родители во Далмација, таа се бара себеси низ познатата животна максима „секс, дрога и рокенрол“. Низ прекрасна фотографија и одлични сценаристички решенија, филмот на Векариќ ни ја прикажува новата хрватска кинематографија во поинакво светло, feel good приказна за една „шминкерка“ која растргната меѓу три интересни мажи на различни возрасти, само навидум не знае што сака.

Festivals and awards
Pula film festival 2018 – Opening film
FEST Belgrade 2019 – Best debut film

Биографија
Барбара Векариќ (Barbara Vekaric, 1987) го сврте вниманието кон себе уште со првата краткометражна хип-хоп комедија „Првата дама на Дубрава“ (Prva dama Dubrave) во 2011 година, со што на голема врата влезе во новиот бран на авторки во хрватската кинематографија. Последниот нејзин краток филм „Никој не е совршен“ (Nitko nije savrsen) премиерно е прикажан заедно со „Алекси“, кој го отвори минатогодишниот Пулски филмски фестивал, а годинава на легендарниот ФЕСТ во Белград беше прогласен за најдобар дебитантски филм. Блескавата иднина е пред неа.


03 октомври, 21 часот
Иран/2017/104’
БЕЗ ДАТУМ, БЕЗ ПОТПИС (No date, no signature)
director: Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand)
screenplay: Али Зарнегар (Ali Zarnegar), Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand)
cast: Навид Мохамадзадех (Navid Mohammadzadeh), Амир Агаи (Amir Agha’ee), Хедие Терани (Hediyeh Tehrani), Закије Бебахани (Zakiyeh Behbahani)

Синопсис
Форензичкиот патолог д-р Нариман учествува во сообраќајка со моторциклист, при што неговиот 8-годишен син е лесно повреден. Тој се нуди да го однесе детето во локалната клиника, но таткото ги одбива неговите помош и пари. Неколку денови подоцна, во болницата кадешто работи, д-р Нариман дознава дека врз малото момче е извршена аутопсија по неговата сомнителна смрт. Докторот се соочува со дилема: дали тој е одговорен за смртта на детето по сообраќајниот инцидент, или се работи за труење со храна, според дијагнозата на неговите колеги?

Festivals and awards
Venice Film Festival 2017 – award “L’Orizzonti” for best director and actor
Chicago International Film Festival 2017 – Golden Hugo for best debut director
Fajr Film Festival 2017 – best film, director, actor…
Bratislava International Film Festival 2017 – best actor and FIPRESCI prize
Thessaloniki Film Festival 2017 – Silver Alexandar and FIPRESCI prize
Stockholm Film Festival 2017 – „Сребрен коњ“ за сценарио
Cine Iran 2017, најдобар актер и специјална награда на жирито
FEST Belgrade 2018, награда од жирито за најдобар режисер

Биографија
Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand) е роден 1976 година во Техеран. Пред да дипломира театарска режија на Техеранскиот универзитет, тој ја стартувал кариерата како театарски актер на 15 години. Во 1996 година почнува да работи во државните ТВ канали како монтажер и ТВ режисер. Зад себе има преку 30 документарни остварувања, како и две популарни телевизиски серии. Неговиот дебитантски филм „Среда, 9 мај“ се прикажа во селекцијата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал во 2015 година и ја доби наградата „Фипресци“.


04 октомври, 21 часот
Перу/2017/95′
РЕТАБЛО (Retablo)
director: Алваро Делгадо Апарисио (Alvaro Delgado Aparicio)
screenplay:  Хектор Галвез (Héctor Gálvez), Алваро делгадо Апарисио (Alvaro Delgado Aparicio)
cast: Жуниор Бехар Рока (Junior Bеjar Roca), Амиел Кајо (Amiel Cayo), Магаљи Солиер (Magaly Solier), Хермелинда Лухан (Hermelinda Lujаn)

Синопсис
„Ретабло“ е приказна која го прикажува односот татко-син виден низ призмата на 14-годишниот Сегундо, кој се подготвува да го преземе традиционалниот семеен занает и да стане мајстор во изработување на „ретабло“ слики. Но, откако ќе ја открие тајната за поинаквата сексуална ориентација на неговиот родител, идолот во кој се огледува, неговиот свет комплетно се руши. Како Сегундо ќе успее повторно да го пронајде својот загубен идентитет, доколку постојано се обвинува себеси за ситуацијата во која се наоѓа неговот семејство, кое е дел од шовинистичкото општество високо горе, на прекрасните Анди?

Festival and awards
Lima Film Festival 2017 – best domestic film
Berlin Film Festival 2018 – Special prize „Generation 14 plus“
Inside Out Toronto LGBT Film Festival – best debut film
Kiev Molodist International Film Festival – best film
San Francisco International LGBTQ Film Festival – Frameline – best debut film
Rhode Island International Film Festival 2018 – Grand prix for Best movie

Биографија
Алваро Делгадо Апарисио завршил Мастер студии на Лондонскиот универзитет за економија и политички науки. Тој исто така дипломирал и на Институтот за технологии во Масачусетс стекнувајќи диплома во областа на науката и иновативниот дизајн. Студии по режија завршил  на Лондонската филмска академија. Активен е во матичната земја како организатор на многу проекти за подобрување на социјалните услови за живот меѓу сиромашното населенеие. По успехот со првите два кратки филма, сценариото за дебитантскиот филм „Ретабло“ доби грантови за развој од фестивалот „Санденс“, Cinereach project, како и од Министерството за култура на Перу.


05 октомври, 21 часот
Аргентина/2015/92′
ПАТ ДО ЛА ПАЗ (Road to La Paz)
Screenplay and director: Франциско Вароне (Francisco Varone)
cast: Родриго де ла Серна (Rodrigo de la Serna), Ернесто Суарез (Ernesto Suarez), Елиса Карикахо (Elisa Carricajo)

Синопсис
Пат за Ла Паз e неочекувана и привлечна средба меѓу далечни култури, и патување до духовна иницијација.

Festivals and awards
Mar de la Plata 2015 – Best actor
Thessaloniki film festival 2015 – Bronze Alexander
Chicago film festival 2015
Sao Paulo International film festival

Биографија
Франциско Вароне е млад аргентински режисер, чиј засега единствен филм „Пат за Ла Паз“ само го покажа неговиот филмски талент. Во меѓувреме тој работи како сценарист на неколку телевизиски сериски и документарни проекти, и со нетрпение го очекуваме неговото второ филмско остварување.


06 октомври, 21 часот
Bulgaria/Romania/2018/96′
ПРАСЕТО (The Pig)
director: Драгомир Шолев (Dragomir Sholev)
screenplay: Мартин Илиев (Martin Iliev), Драгомир Шолев (Dragomir Sholev)
cast: Румен Георгиев (Rumen Georgiev), Андреа Захариев (Andrea Zahariev), Христофор Недков (Hristofor Nedkov)

Синопсис
13-годишниот Румен секојдневно е малтретиран од соучениците во училиштето. Аутсајдер, осаменик и интровертен, тој никогаш не се осмелува да возврати. Но, еден ден црвената линија е надмината и следи фаталниот напад чиј краен резултат е сосема неизвесен. Снимен претежно со камера од рака, филмот на Шолев на неверојатно уверлив начин влегува во интимата на еден тинејџер чиј свет може комплетно да се сруши доколку не погледне длабоко во себе и не пронајде сила да излезе на површина, онаму каде дневните демони ништо не му можат.

Festival and awards
23th Sofia film festival 2019 – Best Bulgarian film; special Jury award; FIPRESCI award for best movie

Биографија
Драгомир Шолев (Dragomir Sholev, 1977) дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија. Кариерата ја започнува со неколку анимирани и кратки филмови, по што следи документарецот „Сега и засекогаш„ (Now and forever, 2009), а потоа и дебитантскиот долгометражен филм „Засолниште“ (Shelter, 2010) премиерно прикажан на фестивалот во Сан Себастијан, кој потоа беше прикажан уште на 70 фестивали ширум светот и доби 21 награда. „Прасето“ е негов второ филм кој штотуку треба да ја освои фестивалската публика низ светот, откако брилјираше на домашно тло, на Софискиот филсмки фестивал.


07 октомври, 21 часот
BIH/2017/98’
МАЖИТЕ НЕ ПЛАЧАТ (Men don’t cry)
Director: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic)
Screenplay: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic), Зоран Соломун (Zoran Solomun)
Cast: Борис Исаковиќ (Boris Isakovic), Леон Лучев (Leon Lucev), Емир Хаџихафизбеговиќ (Emir Hadzihafizbegovic)

Синопсис
Група средовечни југословенски воени ветерани од различно потекло се здружуваат на продолжена групна терапија во филмот „Мажите не плачат“, дебитантски филм на Ален Дрљевиќ. Еден празен српски хотел станува уште едно бојно поле во бесконечните југословенски војни. Речиси 20 години по официјалниот крај на непријателствата, многу поранешни борци никогаш навистина не избегале од нив.

Festivals and awards
Hamburg Film Festival 2017
Karlovi Vary International Film Festival 2017
Label Europa Cinemas; Special Prize of the Jury
Nominated: Crystal Globe for Best film

Биографија
Ален Дрљевиќ е роден во Сараево, Босна и Херцеговина. Дипломира на Академијата
за сценски уметности во Сараево во 2005 година. Неговиот краток дипломски филм
„Прва плата“ беше номиниран за наградата на Европската филмска академија.
Неговиот дебитантски документарен филм „Карневал“ беше избран на ИДФА 2006
година во конкуренциите „Прв настап“ и „Филмови кои значат“. Член е на Европската
филмска академија. Дрљевиќ, исто така, работел како советник на неколку филмови
меѓу кои “Грбавица” на Јасмила Жбаниќ (награда Златна мечка на Берлиналето 2006),
“На патот” на Јасмила Жбаниќ и „За оние кои можат да раскажат приказни“ 2013.
Во периодот од 2011 до 2016 година прави серија документарни филмови во
продукција на Федерална ТВ. Неговиот последен филм е “Мажите не плачат” (2017).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *