Освен на промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на 1 декември во МКЦ, Георги Господинов одвои време да одговори и на неколку прашања на Оливера Ќорвезироска поврзани со книжевноста. „Најубавото на овие средби е што секој си го наоѓа своето засолниште или прибежиште. И секој си ја раскажува својата приказна“.

„Книгите се најприродното, најнормалното засолниште затоа што таму човекот може да патува и во минатото и во иднината, како прво, а како второ може да мисли за светот. Книгите се инструментите со кои мислиме што се случува сега. Кога читаш една книга, го читаш целиот свет. Го читаш тоа што е околу тебе“.
Photo: D. Stoilova