Промоција на „Засолниште во времето“ од Георги Господинов

На 1 декември наш и Ваш гостин беше Георги Господинов. По промоцијата на наградуваниот роман „Физика на тагата“ во 2015 година во Старата скопска чаршија, овој пат писателот го угостивме во киното „Фросина“ во МКЦ, кое беше исполнето до последното место. Имавме прекрасни промотори и љубопитна публика. Се случи уште една книжевна вечер за долго сеќавање.

За книгите напишани во прво лице, каде јунакот на крајот останува жив, за синергијата меѓу книжевноста и науката, за „шверцот“ на поезијата во романите, за сеќавањето и заборавот, за омилената декада во 20 век… Господинов едноставно беше во елемент – свој и автентичен!

„Им благодарам на Или-или, на Ненад и на Игор што ги преведоа речиси сите книги што сум ги напишал. И тоа е многу убаво. Особено во време како ова, кога има тензии. Им благодарам на сите вас тука, навистина, како да кажам, навистина толку сме си блиски и има само два начина како што вели Одн: „Или да се мразиме или да се сакаме“. Ајде, да го одбереме второто“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *