Вечерва во Луцерн, Швајцарија, ќе се одржи 37-то доделување на Европските филмски награди. Неколку месеци претходно, европската филмска академија соопшти дека „Наградата за животно дело“ му ја доделува на легендарниот германски режисер Вим Вендерс. „Со оваа награда го славиме извонредниот опус на Вим Вендерс, кој продолжува да истражува и да експериментира со љубопитно око и отворен ум“, изјави Матијс Воутер Кнол, директорот на ЕФА. „Како еден од основачите на Европската филмска академија, нејзин претседавач од 1990 до 1995 година и претседател до 2020 година, Вендерс има силна врска со академијата и ние сме дополнително среќни што исто така ја славиме неговата извонредна посветеност и му благодариме за тоа“. Честитки, маестро!
Веројатно нема потреба да се потсетуваме на филмографијата на еден од најзначајните европски режисери на сите времиња, но затоа ќе потсетиме на една негова изјава која кажува многу, и за него и за целата филмска уметност:
„Секој филм е политички. Најполитички од сите се оние кои се преправаат дека не
се тоа, односно, „забавните“ филмови. Тие се најполитичките филмови што постојат бидејќи тие ја отфрлаат можноста за промена. Во секој фрејм тие кажуваат дека се’ е во ред онака како што е. Тие се, всушност, постојана реклама за работите такви какви што се. Но јас никогаш не сум гледал на седмата уметност на тој начин. Таа за мене претставува нешто сосема друго“.
Осврт кон неговиот последен филм, на следниот линк: