Мезанин на EXIT 2008, специјално издание

Петтата сезона на „Мезанин“ на Радио Равел заврши во јуни, но од 10 до 13 јули гостувавме на деветтото издание на „Егзит“ фестивалот во Нови Сад, и секојдневно, во дневните емисии од културата, известувавме за импресиите од музичките вечери на Петроварадинската тврдина. Во зависност кој беше на смена во радио, Шиљо, Ненад, Џони, Петар, Силвана… правевме муабет за случувањата на „Егзит“, а потоа сето тоа, во специјална емисија на „Мезанин“ емитувана на 16 јули, го спакувавме со мајстор Борче Величков во едно пријатно двочасовно шоу. На овој настан, меѓу другото, ми се исполни и една голема желба, да ги гледам Секс пистолс во живо. Старци, старци, ама, и покрај килажата, направија добра свирка.

Тие четири фестивалски вечери во Нови сад ги гледавме настапите и на Пекиншка патка (камбек, како предгрупа на Пистолси), Министри, Пол Велер, Прајмал скрим, Ману чао, Д Стритс, Лет 3… а македонските бои ги бранеа бендовите Суперхикс, К.У.Р. и Кирил Џајковски. Еве ги фестивалските извештаии надополнети со соодветна музика од бендовите, во специјалното летно фестивалско издание на „Мезанин“. Listen without predjudice 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *