Милан Кундера (1929-2023)

„Луѓето секогаш велат дека сакаат да создадат подобра иднина. Тоа не е точно. Иднината е апатична празнина која никого не го интересира. Минатото е полно со живот, желно да не’ изнервира, да не’ провоцира и навредува, да не’ искушува да го уништиме или повторно да го насликаме. Единствената причина зошто луѓето сакаат да бидат господари на иднината е за да го променат минатото“.

Замина уште една писателска величина, Милан Кундера (1929, Брно – 2023, Париз).

Отсекогаш сум се прашувал дали, ако не заминел во Париз во 70-те, ќе доживееше толку длабока старост? Дали продолжувањето на човековиот живот е детерминиран од одредени животни одлуки? Дали промената на средината изискува и промена на сопствениот книжевен светоглед, зашто француските „Фестивалот на безначајноста“ и „Идентитет“ се сосема различни од чешките „Шега“ и „Книга на смеата и заборавот“!? Колку идинината е обоена со трудот во минатото? Колку треба животот да стане безначаен за да ја засакаш неговата суштина? На крајот на краиштата, колку љубовта и сексот имаат удел во тоа? Недоумици натопени со сензибилитетот на делата на Кундера. Вечна слава!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *