Гараж-интервју со Неле К. во „Нова машина“

Од злато вредната архива деновиве го ископав и ова видео парче, во кое претставувам еден скопски гаражен бенд, се’ уште неименуван, но со одличен материјал кој чека да ја види светлината на денот. Главен музички двигател е Ненад Неделков, попознат како Неле К, со кого патуваме со такси низ градот до крајната дестинација, гаражите во Козле, каде го чекаат пајташите на проба.

Уживајте во прилогот направен со голем ентузијазам и спонтаност, бидејќи вакви нешта веќе не се гледаат на ТВ 😉

Неле многу ми наликуваше на она што го правеше Френк Блек, или Блек Френсис со „Пиксис“. Неколку години подоцна тој ја оформи издавачката куќа „E Go East records“ преку која издаде еден куп интересни музики. Се надевам дека ја паметите одличната тема „Евтин автомобил“ која беше голем хит. Ако не ја паметите, еве ја, во комбинација со исто така одличната песна „Цвеќе“ 😉

@Нова машина, Сител ТВ, 1999

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *