Најважната дефиниција за поезијата

“Игор во своите стихови ја вметнал најважната дефиниција за поезијата: „и знам дека едноставните стихови се помоќни од сите други зборови“.

И сликите во кои можеме да се препознаеме, како оние во „Шума“, но и оние непознатите сонливи, како во „Бамји“ (во кои исто така можеме да се препознаеме дури и кога ни се незнајни), и тие се чувствуваат како блиски, а повторувањето на стиховите не претендираат да звучат како барање потврда, туку раѓаат ритмика.

И кога Игор вели дека би спиел со сон на праведник, зборува како некој што навистина некогаш спиел со сон на праведник.

Во оваа збирка Игор си ги нашол неродениот брат и сестра. Едноставно, како насловот. Си го нашол својот ноември”.

Благодарност до Милена Сиљаноска за споделените импресии по читањето на стихозбирката „Ноември”.