Сокуров на Филмскиот фестивал во Торино

„Мајка и син”, „Татко и син”, трилогијата „Молох”, „Бик” и „Сонце”, потоа „Александра”, „Фауст”, „Бајка”… Сосема доволно за да се констатира дека најзначаен гостин на 43th Torino film festival оваа година е рускиот режисер Александар Сокуров.

Пред само два месеца во Венеција го претстави својот нов проект, петчасовниот “Девникот на режисерот”, но програмскиот и уметнички директор на торинскиот фестивал Џулио Базе се одлучи за легендарниот one-shot “Руска арка” од 2002 година.

74-годишниот Сокуров дојде потпирајќи се на бастун, го отвори срцето пред публиката и половина час зборуваше за искуствата од снимањето на модерната бајка за музејот Ермитаж, за ниските температури (-20) во кои работеле, за колор корекциите во германското студио “Бабелсберг”, за приемот на фестивалите и наградите… Се чувствував нестварно слушајќи го магот на само чекор-два од мене.

Потоа следеше проекцијата на визуелниот спектакл на големото платно, кој ја остави публиката подзината, бидејќи “Руска арка” е безвременско ремек-дело.

Незаборавно!