Неодамна беше објавено новото дело од Димитрие Дурацовски насловено „Околу три по полноќ“. Се работи за вистински празник за книгољупците, хибридна визуелно-прозна машина која инспирира со секоја следна страница.

Вечерва во 19 часот книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Влада Урошевиќ. Во оправдано отсуство, посакувам… односно, сигурен сум дека промоцијата ќе биде прекрасна! Благодарен сум што и јас сум дел од книгата.

UPDATE, 21.05.2025:
“Ако не сака Мухамед кон брегот, тогаш брегот ќе тргне кон Мухамед“. Френсис Бејкон, 1625

Денес се видов со Дурацовски. Бидејќи не бев на промоцијата во Скопје, се сретнавме на негов терен, во Струга.

Се разбира, ја носев книгата и добив автограм. Драгоцено!
