Тема: оригинални или пиратски ЦДа? во „Нова машина“

Во последниве години се случува вистински ривајвл на издавање на музика на винил, откако во последната декада од минатиот век, приматот го презедоа компакт дисковите. По падот на Берлинскиот ѕид и завршувањето на ривалството помеѓу Истокот и Западот, на пазарот се појавија многу пиратски ЦДа кои на овие простори се продаваа за багателни цени. Љубителите на музиката беа фатени во расчекор – т.н. „бугарски дискови“, или да се задржат на колекционирање на оригинали?

Читај повеќе

„Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе, како 196 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Со издавањето на ова преработено и проширено издание на романот оригинално издаден во 2008 година, успешно продолжува соработката на издавачката куќа и авторката, чии два претходни романи „Земја на бегалци“ и „Витезот и Византијката“ предизвикаа одличен интерес кај читателите.

Читај повеќе

Јас сум Дамо Сузуки!

Деновиве ми пристигна едно ЛП кое зазема посебно место во мојата домашна колекција поради неговата исклучителност. Периодот имав повеќе време за слушање на музика, и највеќе на увце ми легнаа маестралните Кен (Can), експерименталниот рок бенд кој ги одбележа крајот на 60-те и почетокот на 70-те со своите антологиски албуми. Во колекцијата ги имам легендарните „Tago mago“ (1971) и „Ege Bamyasi“ (1972), како и двојното ЛП со колекцијата на синглови од целата нивна кариера издадено неодамна, меѓутоа, љубопитноста отиде чекор понатаму, и ме интересираше што во моментов прави ненадминатиот вокал на бендот од Келн, мистер Дамо Сузуки. Сурфајќи на нет наидов на снимки од еден куп негови свирки низ светов, што значи дека човекот, и покрај дијагностициран канцер, како и годините кои веќе го навјасале, и понатаму е неверојатно активен на сцената. Една од неговите последни свирки е со групата Mugstar, од чиј настап на 28 април 2018 година во Ливерпул и настана носачот на звук кој периодов е мој секојдневен саундтрак.

Читај повеќе

Графити за Вас, прекрасни луѓе!

Отсекогаш сум ги обожувал графитите како слободна форма на изразување, бидејќи приказната е толку едноставна: имате ѕид, имате спреј во раката, добра мисла или талент за цртеж, и магијата се случува веднаш, тука и сега. И не ви треба ништо повеќе! Ова се моите два ТВ обида за сублимирање на графити искуствата во неколкуминутни прилози емитувани во магазинот „Нова машина“.

Читај повеќе

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска

На 01 јуни од печат излегува нов роман од домашен автор во издание на ИЛИ-ИЛИ, „Денот на црвот“ од Симона Јованоска, како 195 издание во едицијата „ПРОаЗА“.

Читај повеќе

„String Forces“ во „Нова машина“

Ова е мојот прв телевизиски реализиран и емитуван прилог воопшто. Честа заеднички да го скршиме мразот им припадна на „Стринг форсис“: и тие издадоа дебитантски албум, и јас дебитирав во те-ве етерот.

Читај повеќе

„Бејрутското здружение „Пеколен оган“ од Рави Хаж

Денес од печат излегува романот „Бејрутското здружение „Пеколен оган“ од Рави Хаж. По „Лебарка“, “Играта на де Ниро“ и „Карневал“, ова е четврти превод на канадскиот автор со либанско потекло, како 194 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Преводот е на Ацо Пероски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Канадскиот совет на уметности.

Читај повеќе

За буквите

Раскажувач на приказни и добар домаќин, тоа е Зоран. Жилав, мудар, со бистар поглед и малку исончан тен од мајското сонце. Од многуте наредени кајчиња крај вливот на Црн Дрим во Охридското езеро, само тој не наплаќа за најмладите, бидејќи тие се најдрагите гости на неговиот стамен чун, кој го управува веќе седма година по ред.

Читај повеќе

Mузички артефакт – Ritual de lo habitual на Jane’s addiction

Изминатиот период се заредија текстови во однос на 30-годишнината од излегувањето на некои култни албуми на почетокот од 90-те (Архангел 1, Nevermind на Нирвана, Blue lines на Масив атак, Пакет аранжман и Шарло…). А само една година порано, или поточно, на 21 август 1990 година, бумот го навести излегувањето на албумот Ritual de lo habitual на Jane’s addiction, кој и по три декади покажува и докажува дека се работи за безвременско издание кое се’ уште функционира беспрекорно.

Читај повеќе

„Гранична состојба“ од Лидија Димковска

Денеска од печат излегува новата поетска збирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска. Се работи за деветтото издание во едицијата „Поеза“ на ИЛИ-ИЛИ, кое се појавува пет години по стихозбирката „Црно на бело“, како прво издание со кое стартуваше споменатата едиција.

Читај повеќе