Пазински графити

Во претходниот текст кој се однесуваше на историските случувања со/во Истра, видовме колку графитите придонеле за ослободувањето од фашизмот. Токму затоа во денешниот напис ги третираме актуелните графити по пазинските ѕидови. Истите можат да се групираат во неколку фолдери. Секако, основниот со кој започнува овој преглед е легендарниот извик „Ни га ча је Пазин“, во превод: „Ништо како Пазин“, или „Пазин е најдобар“ J.

Пазин е мал град и убаво е да се види дека низ него можат да се прочитаат расположенијата на момците и девојките со спреј во раката во различни временски периоди и контексти. Во првиот блок одиме со неколку графити кои се многу неодредени, но прилично симпатични со пораката што ја носат со себе.

Следните два графита се полни со љубов, а меѓу нив се испречува графичкото претставување на легендарниот книжевен „див” Вели Јоже на Владимир Назор, кој неколку години бил професор во овдешната пазинска гимназија. 

Следат навивачките графити. Пазин има своја навивачка група, Blue legion, но сепак овој крај некако гравитира кон сплитските „били“.

Следат најмногубројните графити низ Пазин – панкерските! Првиот е посвета на починатиот лидер на КУД Идиоти од Пула, тој по него на панкерите од Крагуевац, K.B.O!, a подолу и на легендарните Ramones.

И на крајот, малку порно, кој некој се обидел да го избрише, но над него повторно се појавил потписот на уметникот со истата порака 🙂 А можеби за се’ се виновни парите?

Наздравје пазински графити 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *