Таг архива: графити

„(До)Живеј го Скопје“, воведни текстови

Во понеделник од печат излегува новата книга со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“, која ја приредивме со Матеј Богдановски како долгогодишни страсни колекционери и графити-архивари. До сабота, 08 април, трае двонеделната кампања за време на која читателите купуваат ваучер по промотивна цена од 400 денари, а од 10 април книгата ќе можат да си ја подигнат во ИЛИ-ИЛИ, која оттогаш ќе се продава по редовна цена од 550 денари. Во продолжение можете да ги прочитате двата воведни текста на авторите како мотивација да го сторите токму тоа, книгата да стане дел од вашата домашна библиотека како ретко, ексклузивно и скапоцено издание кое содржи скопски графити-мудрости.

Читај повеќе

Конечно, скопските графити скоцкани во прекрасно книже насловено „(До)Живеј го Скопје“

Да, да, конечно сето она што со години наназад го архивирав, а беше создадено од скопските графити мудреци и уметници, ќе ја види светлината на денот благодарение на книгата насловена „(До)Живеј го Скопје“. Главен „виновник“ за нејзиното излегување е Матеј Богдановски, кој откако по којзнае кој пат постирав пар графити на ФБ, ми пиша дека и тој го прави истото со години, и се согласивме дека мораме да ги споиме архивите и дека од ваквите заеднички соработки можат да произлезат само убави нешта. Така и се случи.

Читај повеќе

Пазински графити

Во претходниот текст кој се однесуваше на историските случувања со/во Истра, видовме колку графитите придонеле за ослободувањето од фашизмот. Токму затоа во денешниот напис ги третираме актуелните графити по пазинските ѕидови. Истите можат да се групираат во неколку фолдери. Секако, основниот со кој започнува овој преглед е легендарниот извик „Ни га ча је Пазин“, во превод: „Ништо како Пазин“, или „Пазин е најдобар“ J.

Читај повеќе

Скопски графити 2.0

Почнувајќи нешто пред пандемијата, па се’ до денес (што значи – цирка две години), одејќи или возејќи велосипед низ скопските улици ги забележував актуелните скопски графити и ги ставав на ФБ, каде наидуваа на прекрасни коментари – од политички до хумористични. Во овој текст ги собирам на едно место, фино надоврзувајќи се на претходните текстови на оваа тема.

Читај повеќе

(Скопски) ГРАФИТИ

Во 2005 година излезе една симпатична книгичка која имав чест да ја конципирам и приредам за македонските читатели, во издание на „Темплум“. Многу ми е драга бидејќи претставува мое прво официјално печатено издание на кое сум работел, девет години по издавањето на самиздатот „Четири“ и една година пред излегувањето на првата збирка раскази „Кротки приказни“ (ИЛИ-ИЛИ, 2006).

Во 19 поглавја успеав да приредам стотина графити напишани врз светските ѕидови, а на крајот од книгичката, како специјален додаток, и дваесеттото поглавје со „Скопски графити“. Се сеќавам дека со денови кружев со велосипед по градот и ги запишував графитите кои моите сограѓани ги оставале на ѕидовите околу нас. Сите нив ги имате во вториот дел од написов под оригиналниот наслов „Скопје, те чекам на крстосницата на Рузвелтова и Орце Николов“, како одраз на едно време во кое сме живееле и твореле. Сепак, започнуваме со воведниот текст.

Читај повеќе

Стрип и графити во Драма

Најпознат настан од областа на културата во Драма е Фестивалот на кратки филмови, кој годинава се одржува по 42 пат. Но, со своето прво издание и големиот интерес пред се’ од младите уметници и љубители на деветтата уметност, Стрип фестивалот има тенденција да стане традиционален и на едно место да ги собира како домашните, така и интернационалните стрип уметници. На неколку локации низ градот се поставени табли од грчките стрип мајстори од старата и новата генерација, како и оние на годинашните специјални гости од Италија. Еве ги стрип-таблите поставени во Археолошкиот музеј на тема – Втора светска војна:  

Читај повеќе