„Смоква“ од Горан Војновиќ

„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата со прашањето на идентитетот и на неговото создавање.

„Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе  семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи.

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: Јужњаци, надвор! (2008), Југославија, моја дежела (2012), и Смоква (2016.) За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“.

За оние читатели љубопитни за претходниот роман, „Југославија, моја дежела“, кој се’ уште е во продажба, нешто повеќе во следниот напис, вклучувајќи ја и промоцијата:

„ЈУГОСЛАВИЈА, МОЈА ДЕЖЕЛА“ од Горан Војновиќ

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *