Таг архива: архангел

30 години од излегувањето на првиот албум на Архангел

Лонг Плеј

Кон крајот на 80-те конечно и јас добив грамофон. Воопшто не беше од оние, квалитетните, туку стариот го зема на рати преку фирма како увозна роба од Британија. Потоа видов и реклама во дневните весници каде се продаваше истиот сет кој се состоеше од два дека, потенциометри, радио, и најгоре – магичниот грамофон. И секако, две звучни кутии отстрана. Марката беше „Камакраун“ (Kamacrown). Смешки живи! Но искрено, ми вршеше работа. Пред се’, затоа што оттогаш посетите до „Југотон“ си имаа и своја фина завршница, со што почна моето скромно колекционирање на плочи.

Читај повеќе

Кон концертот „Архангел – 30 години љубов“

„Денес е празник, 11 октомври – честит да ни е!“, беа зборовите со кои Ристо Вртев не’ поздрави во салата „Борис Трајковски“ на почетокот од концертот со кој и официјално беше отворено 22 издание на фестивалот „Таксират“. И сега следува она што ни стана секојдневна мантра – во услови кога сме сведоци на вториот бран на корона-вирусот… итн, итн… само кратко ќе нагласам: концертот беше совршено организиран, публиката беше максимално дисциплинирана, а Вртев во текот на настанот неколку пати културно не’ опомена да ги почитуваме протоколите од организаторот за да не им дадеме храна на „злите гласови“, бидејќи тука сме за уметноста, а „уметноста не се јаде во чинија, но ни ги храни срцата“. Или, како што напиша еден пријател на социјалните мрежи, по прашањето „нели се забранети вакви собиранки?“, тој одговора: „се надевам го забележа протоколот… без вакви собиранки има умиранки“.

Читај повеќе

Првата музичка рецензија

Еве ја мoјaтa првa oфицијaлнo oбјaвенa рецензијa, вo третиoт брoј нa култниoт мaгaзин ТРOТOАР oд декември/јaнуaри 93-94, oсврт кoн кoнцертoт нa зaгрепскиoт бенд ФИЛМ вo МКЦ.

Читај повеќе