Викендов беа доделени престижните награди на филмскиот фестивал во Кан, како врв на дванаесетдневното фестивалствување по 78 пат. Една од работите по кое ќе се памети ова издание е старо-новиот манифест на данските Догмe-филмаџии, кој им овозможува на професионалците да ги реализираат своите замисли на еден поинаков, поприроден начин. „Screen daily“ информира дека триесет години по лансирањето на филмското движење „Догмe 95“, пет дански филмски режисери во подем на 17 мај во Кан го лансираа „Догмa 25“, манифестот со кој се обврзуваат на слични строги правила на натуралистичкото филмско творештво со цел „да се зачува оригиналноста на киното и да се создаде филм според негови услови“.
