Таг архива: вселена

Артемида

Ноќеска, 24 минути по полноќ по централно-европско време, стартуваа моторите на ракетата во вселенскиот центар „Џон Кенеди“ на Флорида и ја вивнаа кон вселената. Во следните денови таа треба да направи круг околу нашата небесна сопатничка – Месечината, и да се врати на Земјата, подготвувајќи плодно тло за следната мисија, кога астронаутите треба да стапнат на правливото месечево тло. Четирите херои кои во моментов се на тој долгонајавуван, па одложуван, и конечно реализиран пат, се Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох од НАСА, и астронаутот на Канадската вселенска агенција Џереми Хансен. Куриозитетот вели дека имаме прва жена и прв Афро-Американец на пат околу Месечината.

Но, оставајќи ги настрана овие информации, во овој текст ќе се задржиме на името на мисијата. Зошто НАСА избра серијалот мисии за повторно враќање на тлото на земјината небесна придружничка да се викаат „Artemis“, односно „Артемида“?

Читај повеќе

200 тони ѓубре на Месечината

Во пресрет на денот кога човечката нога за прв пат стапна на Месечината (21 јули 1969), излегоа интересни податоци кои велат дека ние, Земјаните, досега сме оставиле над 200 тони ѓубре на нашиот небески „придружник“. „Луѓето веќе оставиле зад себе околу 200 тони опрема и отпад на Месечината – од чизми и лопати до фрлени ранци и срушени вселенски летала. Овие остатоци, оставени од минатите мисии, формираат неочекуван слој од човечката историја расфрлана по површината на Месечината“, вели истражувањето.

Читај повеќе

Напред во вселената… со четврт бурек

Вчера астронаутите на Polaris dawn го направија првиот spacewalk на приватен човечки екипаж во вселената, со што влегоа во историјата. Управуванa од Space X, ракетата движејќи се во елиптична орбита ги оддалечи астронаутите 1400 километри од Земјата, што е најдалеку уште од времето на програмата „Аполо“ на НАСА. Тие минаа низ делови од радијациониот појас „Ван Ален“ за да ги проучат здравствените ефекти од вселенското зрачење врз човечкото тело. Подоцна во мисијата, екипажот ја изведе првата комерцијална вселенска прошетка. 30-годишната Сара Гилис е најмладата личност која учествувала во вселенска прошетка досега. Честитки!

Читај повеќе

Месечина, 55 години потоа

Утрешниот датум, 21 јули, засекогаш е врежан во историјата на човештвото како ден кога првото човечко суштество направи отисок со стапалото на Земјиниот сателит. Со мисијата „Аполо 11“ беше заокружен напорот на човештвото да биде физички присутно на друго небесно тело, што се повтори уште неколку пати со следните „Аполо“ мисии. Вкупниот број на космонаути кои оделе по правливата месечева површина досега е дванаесет среќници, на чии приказни,се разбира, не им верува добар процент од луѓето, но мора да има и такви претставници, чисто за да се задржи демократскиот момент во целиот овој вселенски спектакл. Во денешниот текст ќе се задржиме на неколку интересни моменти преку фотографии и приказни поврзани токму со овие активности кон крајот на 60-те години од минатиот век, чија реминисценција веројатно ќе гледаме многу скоро.

Читај повеќе