Боговите паднаа на теме

Некаде близу центарот на нашата галаксија, на оддалеченост од приближно 26.000 светлосни години од Земјата, во вселената лебди облак од алкохол. И тоа не мал. Облак кој содржи доволно етанол за да се наполнат 400 трилиони трилиони кригли пиво. Овој број е толку голем што престанува да биде бројка и станува филозофска промисла за големината на универзумот.

Облакот се нарекува Стрелец Б2 (Sagittarius B2), огромен молекуларен облак сместен во близина на галактичкиот центар, кој е проучуван од радио-астрономите уште од 1970-тите години. Тој се протега на околу 150 светлосни години во широчина и содржи неверојатна разновидност на органски молекули, вклучувајќи етанол, што е истиот алкохол пронајден во секој пијалак некогаш ферментиран на Земјата, заедно со винил алкохол, етилен гликол, гликолалдехид и десетици други соединенија врзани со јаглерод.

Сепак, пред некој да резервира лет: алкохолот постои како дифузен гас во толку разредени концентрации што човек кој би поминал низ него не би можел да го намириса, а камоли да го испие. Тој е распространет низ несфатлив волумен на просторот со густини далеку под она што која било лабораторија на Земјата би го класифицирала како мерливо. Облакот е исто така заситен со други, далеку помалку пријатни молекули, вклучувајќи цијановодород и јаглерод моноксид.

Галаксијата со милијарди години ги подготвува состојките за живот. Ние сме, во вистинска смисла на зборот, резултатот од тоа. Ние сме пивото на боговите. Сите тие таму горе мора да се пијани штом ги казнуваат идиотите кои го уништуваат светот. Веројатно треба да се испратат Вселенските сили за да ја истражат оваа појава 😉