Таг архива: изложба

Кон мултимедијалната изложба „Фрагментирани реалности“ на Страхил М. Петровски во КИЦ

По просторната инсталација и перформанс насловен(и) „Гласови“ во синагогата во Братислава, и фотографската и видео инсталација со наслов „Мементо мори“ во Уметничката галерија во Куманово, Страхил М. Петровски го заокружува креативниот период во тековната 2023 година со мултимедијалната изложба „Фрагментирани реалности“ во салоните „Империјал“ 1 и 2 во Културно информативниот центар во Скопје. Ова е негово јубилејно, дваесетто самостојно претставување пред публиката, овој пат под кураторство на Маја Чанкуловска Михајловска.

Читај повеќе

Кон изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски

Датумот први септември секогаш носел убавини и изненадувања. Едно од нив станува и изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски во Националната галерија на Македонија, триесет и кусур години по неговото последно самостојно ликовно претставување пред јавноста. Каква  возбуда!  

Читај повеќе

Изложба „Осаменоста на јавните електрични тротинети“

Извадок од кураторскиот текст во непостоечкиот каталог за изложбата:

„Во напливот на модернистички употребни нешта и реди-мејд предмети, од сета таа затрупаност од сигнификантни постмодерни орудија околу нас, најчесто за една употреба, неодамна во нашиот град пристигнаа и електричните тротинети, кои како кучиња-скитници од комбија беа исфрлени во метрополата, со цел да му помогнат на граѓанинот за побрзо пребродување на саканата цел од точка А до точка Б.

Читај повеќе

Димитар Кондовски – одовде до вечноста!

Ликовниот настан на годината несомнено се случи во Даут пашиниот амам! На 05 мај беше отворена ретроспективната изложба на генијот Димитар Кондовски (1927-1993), кој триесет години по неговото заминување повторно ја воодушеви домашната јавност со делата кои ги остави зад себе. Немаше човек кој по посетата на изложбата не го изрази своето воодушевување. Токму затоа, траењето на истата, иако најавено до крајот на јули, на задоволство на многумина, продолжи и следните два месеци (август и септември). Така на дланка го добивме светогледот на еден од најголемите македонски сликари во 20 век, чии дела не’ однесоа одовде до вечноста.

Читај повеќе

Изложба „Новиот бран во Белград – Пакет аранжман 1981-2021“ во Загреб

Трамвајот со број 6 за десетина минути ме донесе од централната автобуска станица до предворјето на Музејот на современа уметност во Нов Загреб, каде деновиве може да се види изложбата насловена „Новиот бран во Белград – Пакет аранжман 1981-2021“. Автори на изложбата се Зорица Којиќ и Драган Амброзиќ, и таа содржи дела на фотографите Горанка Матиќ, Горан Вејвода, Бранислав Рашиќ и Бранко Гавриќ, кој е автор и на обвивката на славниот албум на новата генерација белградски бендови, после кој ништо не беше исто. Односно, на музичката сцена во поранешна Југославија се гледаше како на период пред и по излегувањеот на култниот „Пакет аранжман“.

Читај повеќе

Светот во мало: „Миниверзум“ во Будимпешта

Едно од местата кои беа на листата за посета во Будимпешта беше „Миниверзум“, сместен на најстарата и најубавата улица во градот на Дунав, Андраши утца. Отворен во 2014 година, оваа атракција наменета и за децата и за возрасните е една од најпосетуваните локации во градот. Зошто? Па затоа што е одлична забава за децата (и не само за нив), затоа што е нешто сосема поинакво од вообичаената понуда, има постојана програма со која се анимираат посетителите, и поставката е сместена во прекрасна палата со историско значење, која е достапна од сите делови на градот.

Читај повеќе

А Place To Be – Кочани!

Минатиот викенд градот Кочани во источна Македонија беше „местото каде треба да се биде“, затоа што понуди програма за сите сетила. Добро е кога малите општини низ државава ќе покажат чувство за вистинска културна понуда и со тоа ќе ги  анимираат не само сопствените граѓани, туку ќе привлечат публика и од другите градови.

Читај повеќе

Кон изложбата „Пасија“ на Никола Пијанманов

Една од изложбите во Скопје која периодов предизвикува особено внимание е „Пасија“ на Никола Пијанманов, отворена на 10 декември во галеријата на кафе-книжарницата „Метаноја“. Просторот кој се наоѓа под нивото на улицата „Максим Горки“ е совршен за претставување на библиската приказна за Христос видена од перспектива на струмичкиот уметник. И додека горе низ прозорците ги гледаме чевлите на сограѓаните како итаат натаму-наваму во потрага по празнична среќа, во галеријата може да ги истражиме сликите кои Пијанманов ги подредил во совршена синестезија, предизвикувајќи рој од различни чувства.

Читај повеќе

Кон изложбата „Таму“ на Милчо Манчевски во МСУ

По „Улица“ и „Пет капки сон“, режисерот Милчо Манчевски го продолжува својот визуелен сон и приредува уште една изложба со фотографии насловена „Таму“. „Се’ што не е овде е ТАМУ“ може да гласи поднасловот на оваа фото-приказна во Музејот на современа уметност во Скопје, на која се изложени 88 колор фотографии создавани во период од десет години.

Читај повеќе

Кон изложбата „Panic room“ во Музејот на современа уметност

  1. IДеновиве во Музејот на современа уметност во Скопје може да се проследи изложбата насловена „Соба за паника“ со поднаслов „Скок во мислењето“. Во неколку изложбени простори, вклучувајќи ја и кино салата, уметниците со своите дела, под кураторство на Љиљана Неделковска, се осврнуваат на последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на кој човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано менувајќи ги животните услови, истовремено тематизирајќи ја состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.

Читај повеќе