Таг архива: скопје

Скопје за почетници… и идиоти…

Одамна на овие страници не не’ заплиснале мудростите на скопските графити, но се чини дека дојде време за тоа. Низ 19 селектирани фотографии од Водно преку Центар до Карпош, ова е Скопје за почетници… и идиоти… и „пегли“… извајан од очај и чемер… но и полн со љубов. Ова е Скопје во некоја од можните стварности 😉

Читај повеќе

Нобелова награда за мир

На денешен ден во 1979 година, на Скопјанката Гонџа Бојаџиу, попозната како Мајка Тереза, во Осло и’ беше доделена Нобеловата награда за мир. Во нејзиниот спомен-музеј во Скопје, на видно место се истакнати копијата од дипломата од овој настан и фотографијата која датира токму од 10 декември, кога Мајка Тереза лично ја примила наградата од Нобеловиот одбор.

Читај повеќе