На 27 август се случи уште една прекрасна промоција на европски автор. Гостин на ИЛИ-ИЛИ и на домашната читателска публика овој пат беше наградуваниот италијански писател Пјетро Гроси.

На 27 август се случи уште една прекрасна промоција на европски автор. Гостин на ИЛИ-ИЛИ и на домашната читателска публика овој пат беше наградуваниот италијански писател Пјетро Гроси.
„Тупаници“ е прекрасна книга составена од три новели, во која се зборува за она што во англиската литература се карактеризира како „coming of age“. Пјетро Гроси беше наш и Ваш гостин во саботата на промоцијата на неговата преведувана книга која читателите од пред неколку месеци можат да ја читаат и на македонски јазик, во превод на Катерина Сотирова.
Денеска од печат излезе новата книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, трите приказни со заеднички наслов „Тупаници“ од Пјетро Гроси. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.