Таг архива: филмотопија

„Филмско око“, предговор

Денес од печат излегува „Филмско око“, четвртата книга со филмска есеистика. Во продолжение е комплетниот предговор во кој се обидувам да ги лоцирам причините за излегувањето на уште едно дело од областа на публицистиката 😉

„Минатата, 2024 година, на мојот педесетти роденден, што претставува една фина, заокружена бројка, прославив уште неколку убави јубилеи поврзани со моето творештво: десеттата издадена книга, романот „Ветрилиште“, кој воедно е мој петти објавен роман, и точно осумнаесет години по првата книга, збирката раскази „Кротки приказни“, со што влегов во „книжевно полнолетството“. Оваа година, пак, се навршуваат десет години од објавувањето на првата книга со филмска есеистика „Филм.мкд“, издадена една година по завршувањето на
ангажманот со филмскиот магазин „Филмополис“. Тоа неоспорно значи дека повторно е време за славење, овој пат низ призмата на седмата уметност!

Читај повеќе

Осврт кон „Филмотопија“ во „Културен живот“

Излезе новиот број на „Културен живот”. Дел од богатата содржина и текстот насловен „Простор на подвижните слики”, осврт кон актуелната, трета книга со филмска есеистика „Филмотопија”.

Читај повеќе

„Филмотопија“ – Најавна шпица

По „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), природно се наметна излегувањето и на третата книга со филмска есеистика, која ја пишував и објавував на мојот блог-сајт „herojnaedenden.mk“. Со „Филмотопија“ на најдобар можен начин ја заокружувам трилогијата посветена на филмот, тој термин толку типичен во поновата историја на седмата уметност. Со трите книги ја покривам речиси целата македонска продукција, но и она што како новина и тенденција се случуваше на светски план во новиот милениум, со што се надевам дека овие изданија претставуваат драгоцен издавачки придонес кај нас, особено ако знаеме дека вакви книги што на особен начин ја третираат филмската уметност се вистинска издавачка реткост.

Читај повеќе

„Филмотопија“, промотивно

Денес, сабота, 16 април, од печат излегува книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), сите во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.

Читај повеќе