Таг архива: џојс

Расказот „Араби“ од збирката „Даблинци“ на Џе(ј)мс Џојс

Збирката „Даблинци“ (1914) од Џемс Џојс е една од најпознатите збирки раскази во книжевноста на 20 век. Секоја приказна си има своја вредност, но на мене највеќе ми се допаѓа расказот „Араби“, што е поетското име за Арабија. Во случајов насловот има само симболичко значење,  бидејќи се работи за приказна за полнолетство која ги истражува темите на младешкиот занес, разочарувањето и контрастот помеѓу идеализмот и реалноста.

Читај повеќе

Кон филмот „Нора“ на Пет Марфи

Првиот наслов од новата филмска компанија на младите актери Јуен МекГрегор, Џони Ли Милер и Џад Ло, Natural Nylon, е филмот „Нора“. Базиран врз истоимената биографија на Бренда Медокс од 1988 година, за првите десет бурни години од животот на ексцентричниот ирски писател и неговата животна сопатничка Нора Барнакл, ова дело претставува еден краток исечок од 35-годишната романса меѓу двајцата страсни љубовници, нивното бегство од Даблин во Трст, нивните две деца и почетните потенцијали кои писателот треба понатаму да ги развие. Како и во случајот со Нил Џордан, кој долго време посакуваше да ја сними приказната за ирскиот херој Мајкл Колинс, така и режисерот Пет Марфи, по долго чекање, успеа да ја екранизира книгата којашто, според него, му ги отворила очите во врска со животот на неговиот омилен литерарен херој.

Читај повеќе