Таг архива: бадентер

Кон „Идис“ од Робер Бадентер

Неодамна, како специјално издание, излезе книгата „Идис“ од Робер Бадентер, во одличен превод од француски на македонски јазик на Гзиме Старова. Документаристичката проза е составен дел од издавачката дејност на ИЛИ-ИЛИ и досега може да се пофали со вистински бисери од овој жанр: доволно е да ги споменеме наградуваната „Кон езерото“ на Капка Касабова, или пак „Готленд“ на Мариуш Шчигел. Токму полската книжевност го негува овој израз благодарение на Ришард Капушќински и сите негови наследници кои продолжија ревносно да ја градат оваа литературна приказна. Секако, да не ја заборавиме и врвната белоруска авторка Светлана Алексиевич, чии значајни дела и’ донесоа Нобелова награда за литература.

Читај повеќе

„Идис“ од Робер Бадентер

Денес од печат излезе романот „Идис“ од Робер Бадентер. По „Моите ноќни возови“ на Ерик Фај, ова е уште едно специјално прозно издание на ИЛИ-ИЛИ, и овој пат во превод од француски на македонски јазик на Гзиме Старова.

Читај повеќе