Македонската документаристика во минатото ги испиша своите ѕвездени моменти во домашната кинематографија, неретко освојувајќи многу награди и на светските фестивали. Врвот се случи оваа година со двојната номинација за Оскар на „Медена земја“. Но, пред да се случи успехот благодарение на сјајната приказна за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, во тој меѓупростор од една ипол декада, по осамостојувањето на државава, не се случуваше речиси ништо на планот на документаристиката. По долгогодишно затишје, се појавија неколку интересни млади автори на документарци, кои даваа надеж дека малку подзаборавениот жанр повторно ќе се врати на старите патеки. Најсветла точка меѓу нив беше драматургот-режисер Билјана Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста авторски да се реализира во сопствената држава, замина во Германија.
Таг архива: Гарванлиева
Скејт и ајвар
Кон документарниот филм „Тетовски самрак“ на Билјана Гарванлиева и Мануел Цимер
„Ние имаме толку многу интересни животни приказни, а речиси никаква продукција на авторски документарци, кои треба да содржат прецизна структура и јасна слика за тоа како ќе се сними филмот, а притоа да не се изгуби личниот и спонтан однос кон својата приказна, за на крајот филмот да изгледа како се’ да се случува само по себе. Тоа се вика среќата на документаристот“.
Интервју со Билјана Гарванлиева, драматург и режисер
Македонската документаристика во минатото ги испиша своите ѕвездени моменти во домашната кинематографија, неретко освојувајќи многу награди на светските фестивали. По долгогодишно затишје, се појавија неколку интересни млади автори на документарци, кои ветуваат дека малку подзаборавениот жанр повторно ќе се врати на старите патеки. Најсветла точка меѓу нив е драматургот-режисер Билјана Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста авторски да се реализира во сопствената држава, замина во Германија. Таа со прекрасниот документарен филм „Девојчето со хармоника“ покажа и докажа дека Македонија е плодна почва за изнедрување на одлични филмски раскажувачи во најспецифичниот филмски жанр. Престижната германска награда „Златна Лола“ е вистински доказ за тоа Фотографија: Самир Љума Читај повеќе
„Девојчето што бере тутун“ на Билјана Гарванлиева
Вториот документарен филм на македонската режисерка Билјана Гарванлиева „Девојчето што бере тутун“, посветен на животот на јуруците во Македонија, be{e del od компетитивната селекција на најзначајниот италијански Интернационален фестивал за краток филм Circuito Off, кој се одржуваше во Венеција заклучно до саботата, 4 септември. Филмот на Гарванлиева веќе беше прикажан во Италија на 59. Интернационален филмски фестивал во Тренто, така што неговото учество во Венеција го носи овој филм по втор пат на Апенинскиот полуостров. Читај повеќе