Таг архива: дали

Музеј „Пеги Гугенхајм“ во Венеција

Синоќа заврши 77 издание на Венециската Мостра, каде престижниот Златен лав го доби американската драма „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао . Но, овој пат нема да правиме кавер на случувањата на најстариот филмски фестивал во светот, туку ќе одиме на едно заедничко патување во светот на уметноста, благодарение на репрезентативниот музеј „Пеги Гугенхајм“ сместен на Grand canal во најмагичниот град на планетата.

Читај повеќе

Салвадор Дали во Париз

Секако дека најдобар начин за запознавање одблизу на Надреализмот е посетата на „Театарот-музеј Дали“ во Фигуерес, Каталонија, меката за љубителите на откачената уметност на големиот Салвадор, но и неговата париска приказна не е за потценување. Иако скриен во пазувите на Монмартр, музејот „Espace Dali“ претставува врвно доживување за секој посетител, затоа што на едно место може да се видат дури 300 експонати од овој славен уметник, еден од најпознатите во минатиот, 20-ти век.

Читај повеќе