Утрешниот датум, 21 јули, засекогаш е врежан во историјата на човештвото како ден кога првото човечко суштество направи отисок со стапалото на Земјиниот сателит. Со мисијата „Аполо 11“ беше заокружен напорот на човештвото да биде физички присутно на друго небесно тело, што се повтори уште неколку пати со следните „Аполо“ мисии. Вкупниот број на космонаути кои оделе по правливата месечева површина досега е дванаесет среќници, на чии приказни,се разбира, не им верува добар процент од луѓето, но мора да има и такви претставници, чисто за да се задржи демократскиот момент во целиот овој вселенски спектакл. Во денешниот текст ќе се задржиме на неколку интересни моменти преку фотографии и приказни поврзани токму со овие активности кон крајот на 60-те години од минатиот век, чија реминисценција веројатно ќе гледаме многу скоро.
Читај повеќеТаг архива: месечина
Лајка на месечината
Јапонската вселенска агенција (JAXA) утрово извести дека нејзиниот лунарен лендер (SLIM) успешно продолжил со операциите откако преживеал долга и исклучително студена двонеделна ноќ на Месечината. Првата фотографија која пристигнала на Земјата, велат од ЈАХА, ги зачудила сите. По долги дискусии, заклучиле дека се работи за Лајка, руското куче скитник од улиците на Москва, првото живо суштество кое беше пратено во вселената.
Повторно човечко присуство на Месечината по пет ипол децении
2024 и 2025 година се чинат возбудливи во однос на најавите на НАСА дека повторно ќе ја врати човечката нога на површината на Месечината. И не само ногата, туку и целиот човек, a со тоа и човештвото 🙂 Шега на страна, програмата „Артемис“ е прилично амбициозна, и после многу направени тестови, кон крајот на годината ќе изведе маневар кој ако се покаже успешен, можеме да очекуваме веќе следната година, ушушкани во домашните фотелји, со пуцки во рацете, да го повториме искуството на претходната генерација, која во 1969 година ја имаше таа привилегија да го следи директниот пренос од слетувањето на Месечината за прв пат и изговарањето на онаа славна реченица на Нил Армстронг: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Прашкиот Планетариум
Денеска се навршува 51 година од првите чекори на човекот на Месечината. Нил Армстронг го стори тоа токму на овој датум во 1969 година, во 20ч17м40с според американско време. По тој повод, денеска ќе ѕирнеме зад магичните врати на Планетариумот во Прага како еден од најинтересните во централна Европа, место кое има голема традиција зад себе.
Јубилеј: 50 години на Месечината
Пред точно 50 години првиот човек стапна на Месечината. Антологискиот момент во кој главната ролја ја имаше Нил Армстронг беше запаметен по славната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Вселенска ода за осаменоста
Кон „Месечина“ на Данкан Џонс
Стиховите „Ground control to Major Tom… take your protein pills and put your helmet on“ од легендарната тема „Space oddity“ на Дејвид Боуви веќе со децении се дел од колективната свест на човештвото, секогаш кога нашите мисли имаат тенденција да заминат таму некаде, горе, над облаците, иако за значењето на оваа песна има уште еден куп толкувања. Но не сум баш сигурен дали на повеќето музичко-филмски фанови им е познат фактот дека „Камелеонот“ има син со име и презиме Данкан Џонс, кој можеби инспириран токму од оваа песна годинава го сними еден од најдобрите СФ филмови во оваа декада. „Месечина“ е негов филмски првенец кој на престижниот филмски фестивал за научно-фантастични остварувања „Sitges“ во Барселона ги собра сите значајни награди за 2009 година. И со право!
Читај повеќе