Денес небото над Скопје е прекрасно, посакувам пријатното декемвриско време уште малку да си потрае. А кога станува збор за небото што како заштитничка мрежа надвиснува над некој град, првата асоцијација е антологискиот филм „Небото над Берлин“ на режисерот Вим Вендерс, кој германската метропола засекогаш ја вкотви во аналите на седмата уметност. Во продолжение ќе го посетиме популарниот монумент „Столб на победата“, од кој Вендерсовите ангели го набљудуваа градот.

