Таг архива: Пармаковска

„Се’ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска

Денес од печат излегува новиот роман од Фросина Пармаковска насловен „Се’ уште можам нешто да сторам“. Се работи за 226 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, каде авторката досега ги издаде и „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (Роман на годината 2017) и „На враќање“.

Читај повеќе

„На враќање“ од Фросина Пармаковска

А јас ги отворам очите за да ја запаметам таа последна слика и гледајќи некаде низ прозорецот, пишувам со рацете на кои тогаш не им требаат очи. Утрото без да ме предупреди и без да се збогува, одамна беше заминало, а јас сум бескрајно среќен и исполнет од сите места на кои што бевме, целиот свет што ни припаѓаше и можевме да го изменуваме дотолку да уништуваме натрапници и да оживуваме трупови на умрени објекти со помош на големи историски личности. Не можев ништо повеќе да посакам и за ништо не можев да се пожалам. Како да патував на летечки килими што можат секаде да ме однесат, каде и да посакам.

Читај повеќе

Кон романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска (ИЛИ-ИЛИ, 2017)

Кога дебитирате со роман провокативно насловен „Пишувајќи ги изгубените топки“, а само пар години подоцна со вториот роман „Вишнова хроника“ ќе влезете меѓу трите најдобри во изборот за „Роман на годината“, тогаш на вашето име мора да му се обрне особено внимание. Фросина Пармаковска сосема ја оправдува довербата, и со третиот, актуелен роман „Одбројување“, докажа дека нејзиниот авторски пат има вртоглаво нагорна линија, пишувајќи зрело книжевно остварување кое, да ги употребам познатите флоскули, сигурно нема да ве остави рамнодушни, односно, ќе ве остави без здив 🙂 Но, за овој роман дефинитивно треба да се пишува и разговара без флоскули, бидејќи истиот претставува квалитативно поместување во македонската романескна продукција поради изборот на темата, пристапот кон неа, и величествената разврска на крајот од која и произлегува насловот на делото.

Читај повеќе