Пролетта 2019-та година, Рјичи Сакамото постави пијано во неговиот двор во Њујорк и го остави изложено на надворешните влијанија за да набљудува како пијаното ќе се врати во природата. Пијаното гордо опстојуваше низ годишните времиња неколку години, пред конечно да се пресели во градината на неговиот пријател во Њу Стејт. Овие фотографии ја покажуваат трансформацијата и убавината на пијаното додека и’ се враќа на природата, слично на човековото стареење, разголувајќи ја до срж минливоста на времето.








Насловната фотографија на тематов е на неговиот син Нео Сора, човекот кој го режираше прекрасниот филм-концерт на Рјичи Сакамото, на кој јапонскиот музичар и композитор за последен пат се соочува со својата голема љубов – пијаното. Потсетување на тој текст на следниот линк, топла препорака да го погледнете: