Таг архива: керуак

Струшкиот лауреат Ален Гинзберг и „Бит генерацијата“

Вечерва во Струга ќе финишира 65-тото издание на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, од годинава со нов, јунски термин. Годинашна лауреатка е холандската поетеса Анеке Брасинга, која гледајќи ја на фотографиите колку добро се држи притоа покажувајќи став, и се разбира, пред се’ читајќи ја нејзината ангажирана поезија, ме потсети на сензибилитетот на славната „Бит генерација“ од средината на минатиот век. Тие илуминации ме донесоа до моментот да ѕирнам во домашната библиотека, да ја дувнам прашината и да се се навратам на едно драго издание купено во 90-те години, кое всушност датира од средината на претходната декада, и кое е прилично добро зачувано со оглед на неговата четиридецениска „старост“. Се работи за фестивалското издание на книгата посветена на тогашниот лауреат, американскиот поет Ален Гинзберг, гостин во Струга и добитник на „Златниот венец на поезијата“ за 1986 година.

Читај повеќе